Врз основа на член 22 став 1 алинеја 1, став 2, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ" Бр. 27/14, 1 99/14, 127/16и35/18)и член 22 став 3 и став 4 и член 23 од Законот за работните односи(" Службенвесникна РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11,11/12, 39/12, 13/13, 23/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 127/16и120/18), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2019
за вработување на 1 (едно) лице во Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија, на определено време Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија објавува огас за вработување на 1 (едно)лице на определено време до 16.05.2019 година, на следното работно место:
1 Помошник раководител на сектор за општи, правни, финансиски работи и управување со човечки ресурси во Секторот за општи. правни. финансиски работи и управување со човечки ресурси, на определено време, - 1 извршител
Посебни услови
ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен - економски науки
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски или француски)
најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно место во приватен сектор
Распоред на работно време
Работни часови неделно: 40
Работно време: Од понеделник до петок од 07:3008:30 до 15:3016:30 часот
Паричен износ на основната нето плата: 31.325, 00 денари месечно
Општи услови потребни за работното место
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Кандидатите за работното место, со пријавата треба да ги достават и доказите за исполнување на условите во оригинална форма или фотокопија заверени кај нотар и тоа:
Доказ за државјанство
Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Уверение/Диплома/Свидетелство за завршен степен на образование
Доказ за познавање компјутерски програми за канцелариско работење
Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
Доказ за работно искуство
Кратка биографија со задолжителен контакт телефон и адреса
Писмо за мотивација
Рок за доставување на пријавите изнесува 5 дена, од 16.01.2019 година Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија на адреса:
Агенција за подцршка на претприемништво на Република Македонија
Улица Кеј Димитар Влахов бр. 4, 1000 Скопје
(со назнака Ошас за вработување број 01/2019"
Контакт број 075 444 098
Ненавремените, и некомплетни пријави нема да се разгледуваат