ОГЛАС
За прием на работник на работно место Благајник /
Советник за продажба/ Агент за грижа на корисници
во Регион Скопје /
Контакт Центар
Благајникот е одговорен за навремено и ефикасно услужување на клиентите на благајна во филијалата, одговорен да обезбеди точно и сигурно реализирање на
готовинските и безготовинските трансакции на клиентите, зема учество и придонесува за продажбата и
промовирањето на производите на Банката, обезбедува висок
квалитет на услуги.
Советникот за продажба е
одговорен за ефективна промоција и продажба на производите и
услугите на Банката, зголемување на базата на клиенти на Банката,
максимизирање на профитабилноста и
зголемување на продажбата на производите и услугите на банката преку вкрстена продажба и реализирање на поставените таргети,
обезбедување на високо ниво на задоволство на клиентите.
Агентот за грижа на корисници во Контакт Центар одговара на дојдовни повици и иницира излезни повици, извршува трансакции преку сервисот телефонско
банкарство, одговара на поплаки/прашања, забелешки од клиентите поврзани со производите и сервисите на Банката.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
ВСП економски факултет, бизнис администрација или друга сродна област
За работното место Советник за продажба, работното искуство од најмалку
година во областа на продажба ќе се смета за предност
Одличио познавање на англиски јазик поседување на соодветен сертификат за
IELTS, TOEFL ќе се смета за предност
Одлично познавање на Microsoft Office
Обуки за продажба и грижа за клиенти поседување на соодветен сертификат
ќе се смета за предност
Лични карактеристики на кандидатот:
Развиени комуникациски вештини, продажни вештини, моќ на убедување
Ориентираност кон клиенти
Способност за прилагодување на динамичната раббта во филијалите и
на потребите на различните клиенти кои ја посетуваат филијалата
Подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки
временски рокови
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
Висок личен интегритет, деловен и
професионален однос.
Банката обезбедува минимална почетна плата во месечен нето износ од 18.000,00 МКД
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со можност за работа во сабота, и работа во две смени.
Работно време на Контакт Центарот е 24/7. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката.
Банката нуди динамична, квалитетна и
пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и
професиоиален напредок на своите вработени.
Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет страницата на банката
https://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/# или
вашата кратка биографија на англиски или на македонски јазик доставете ја во седиштето на Банката на ул. 1 1 Октомври,
бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 25.05.2018 година Лице за контакт Даниела
Радевска, тел. 02/3295277.
Банката ќе изврши избор во зсжонскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати. Само селектираните кандидати
ќе бидат известени и повикани на интервју.