Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05. 120/2018), Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост, Државната лотарија на Македонија, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за прием на работници на неопределено време
Државната лотарија на Македонија има потреба од вработување на работници на неопределено време, за следниве работни места:
1 „Регионален комерцијалист" во Секторот за продажба и комерција 3 (три) извршители, со следниве услови:
-Средна стручна подготовка IV степен
-Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство
-Познавање на англиски или друг светски јазик
-Познавање на MS offlce апликации и користење на интернет
-Неделното работно време е од понеделник до петок со 8 (осум) работни часа (од 8 часот до 1 6 часот) и
-Основна плата: 25.876, 00 денари и
2. „Одговорен работник за магацинско работење, дистрибуција и доставување на материјали" во Секторот за продажба и комерција 1 (еден) извршител, со следниве услови:
-Средна стручна подготовка IV степен
-Работно искуство: најмалку 1(една) година работно искуство
-Познавање на англиски или друг светски јазик
-Познавање на MS offlce апликации и користење на интернет
-Неделното работно време е од понеделник до петок со 8 (осум) работни часа (од 8 часот до 16 часот) и
-Основна плата: 22. 539, 00 денари.
Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена.
Работодавачот ќе изврши избор во рок од 7 (седум) работни дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите.
Државна лотарија на Македонија го задржува правото самостојно да изврши избор односно да не изврши избор на ниту еден од пријавените кандидати.
Кандидатите за горенаведеното работно место покрај пријавата со кратка биографија треба да достават и докази за исполнување на горенаведените услови и тоа: диплома или уверение за завршена стручна подготовка потврда за работно искуство со бараната стручна подготовка, уверение за државјанство.
Доказите се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.
Ненавремената, неуредната и некомплетната документација нема да биде предмет на разгледување.
Пријавите со потребната документација кандидатите може да ги достават по пошта до Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост, Државна лотарија на Македонија, со седиште на бул. Гоце Делчев бр. 8, Поштенски фах 506, 1000 Скопје или директно во архивата на Друштвото.