Препорачани огласи

Eуроимпекс ДОО вработува. Се бара: Референт за логистика

Eуроимпекс ДОО вработува. Се бара: Референт за логистика

16.12.2020
Eуроимпекс ДОО е првата приватна компанија од автомобисла индустрија, основана 1990 година на Македонскиот пазар. За овие 30 години успешно стопанисување, остваривме одличен развој благодарејќи на компаниската стратегија и на нашиот тим. Денес, сме компанија со 80 вработени лица, застапуваме 10 бренда, од кој за брендот Peugeot сме Генерални застапници на 5 пазари: С.Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Од неодамна и Брендот Opel го застапуваме на регионалниот пазар покривајќи ги териториите на С.Македонија Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Во тек е процес на формирање на тимот за брендот Opel и отворен è оглас за повеќе работни позции.

Важни напомени:
- Кандидатите со работно искуство во автомобилската индустрија, на иста или слична позиција, ќе имаат предност.
- Кандидатите кои не ги исполнуваат основните услови, нема да бидат контактирани.
- При аплицирање, задолжително да се наведе за која работна позиција кандидатот го поднесува своето CV.
- Вашето CV доставете го на euroimpex@euroimpex.com.mk

РЕФЕРЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА

Потребно образование и вештини
- ВСС или ССС;
- Работно искуство во шпедитерско и царинско работење минимум 3 години;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на MS Office, способност за учење/адаптација за користење на софтвери на принципалот;
- Познавање на царинските системи;
- Комуникациски, организациски вештини и способност за ефикасно менаџирање на време;
- Прецизност, работа со строго утврдени крајни рокови;
- Превземање на одговорност, посветеност, индивидуален и тимски играч;
- Возачка дозвола Б категорија;

Одговорност и работни задачи
- Подготовка и реализација на транспорт на возила;
- Складирање на возилата во царински склад, согласно процедурите на Царинска Управа на Република С. Македонија;
- Целосно водење на царинската постапка сè до моментот на испорака на возила;
- Прибирање на потребна документација за хомологирање на нови возила;
- Организирање на процедурата за хомологирање на нови возила;
- Комуникација со дилерска мрежа, партнери, коминтенти;
- Фактурирање на возила.

Останати Препорачани огласи