Вработување

Вработување во Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје...Отворени се 14 (четиринаесет) работни места

Вработување во Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје...Отворени се 14 (четиринаесет) работни места

17.09.2018
Врз основа на член 156, 157, 158, 159 и 160 од Законот за здравствена заштита (Службен Весник на РМ бр. 43/2012, 145/12, 65/13, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16) и член 30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје вд директорот на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје донесе

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на работници во Јавната здравствена установа Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје

1. Јавната здравствена установа Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје на ден 17. 09. 2018 година објавува Јавен оглас за вработување на:

- 8 (осум) лица - доктори на стоматологија на неопределено време,
- 6 (шест) лица - стоматолошки сестри на неопределено време,

Кандидатите кои ќе се пријават на Јавниот оглас треба да ги исполнуваат следните:

2. ОПШТИ УСЛОВИ:
да се државјани на Република Македонија,
да се полнолетни,
да имааат општа здравствена способност (да не е постаро од 6 месеци) и
да не им е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или должност (да не е постаро од 6 месеци)

3. ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
3. 1 За доктори на стоматологија: да имаат завршено високо образование со најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен Стоматолошки факултет, (Кандидатот кој има завршено специјализација или субспецијализација од областите на стоматологијата, не треба да го исполнува овој услов, треба да достави доказ за положен специјалистички односно супспецијалистички испит, оригинап или копија заверена на нотар),
- положен стручен испит, лиценца за работа, постигнат просечен успех од сите предмети на сите циклуси на универзитетски студии кои ги завршил кандидатот од најмалку осум (во натамошниот текст: просечен успех),
активно да познава најмалку еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски или француски) на ниво Б2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици учење, настава и оценување (Common European Framework of Reference for Languages: Learning, Teaching, Assessment) (во натамошниот текст: ЦЕФР (CEFR) и да поседува меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори на Б2 (В2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС (IELTS) со 5-6 поени, ФЦЕ (FCE), БЕК (ВЕС), ИЛЕК (ILEC), ИКФЕ, БУЛАТС (BULATS), или ТОЕФЕЛ ПБТ (TOEFEL РВТ) најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFEL СВТ) најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFEL IBT) најмалку 60 бода или ДЕЛФ (DELF), ТЦФ (TCF), ТЕФ (TEF), или Гете сертификат (GoetheZertifikat), ТестДаФ (TestDaF).
- Познавањето на странски јазик од точка 1 .2 алинеа 5, од овој јавен оглас, покрај со меѓународно признати сертификати или меѓународно употребувани уверенија, се докажува и со потврда за завршен прв, втор или трет циклус на студии на еден од 200 највисоко рангирани факултети на Shanghai Ranking ARWU (Academic Ranking of VVorld Universities) на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), за кои студии кандидатот поседува нострифицирана диплома, со и без работно искуство,

3. 2 За стоматолошки сестри:
- да имаат завршено Средно медицинско училиште, положен стручен испит,
- со или без работно искуство,

4. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за сите работни места:
- молба, (со точна адреса на живеење, број на мобилен телефон и емаил адреса), со напомена за работното место за кое се конкурира,
- кратка биографија (CV)
- уверение за државјанство на РМ (оригинал или копија заверена кај нотар),
-доказ за општа здравствена способност (да не е постаро од 6 месеци) (оригинал или копија заверена кај нотар),
-доказ дека не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или должност (да не е постаро од 6 Meceni) (оригинал или копија заверена кај нотар)

4. 1 Покрај документите од точка 4 од овој јавен оглас, кандидатите за доктори на стоматологија треба да достават и:
- доказ во кој ќе се види просекот на кандидатот (оригинал или
- копија заверена кај нотар), (Кандидатот кој има завршено специјапизација или субспецијализација од областите на стоматологијата, не треба да го исполнува овој услов, треба да достави доказ за положен специјалистички односно супспецијалистички испит, оригинал или копија заверена на нотар),
доказ за положен стручен испит (оригинал или копија заверена кај нотар),

лиценца за работа (оригинал или копија заверена кај нотар), доказ за познавање на еден странски јазик со приложување на еден oд следните меѓународно признати сертификати или меѓународно употребувани уверенија: БУЛАТС (BULATS), ЦАЕ (САЕ), ИЕЛТС (IELTS), ФЦЕ (FCE), БЕК (ВЕК), ПЕТ (PET), КЕТ (КЕТ), ИЛЕК (ILEC), ТОЕФЕЛ ПБТ (TOEFL РВТ), ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL СВТ), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) за англиски јазик, односно ДЕЛФ (DELF), ДАЛФ (DALF), ТЦФ (TCF), ТЕФ (TEF), БУЛАТС (BULATS) за француски јазик, односно Гете сертификат (GoetheZertifikat), ТестДаФ (TestDaF) и БУЛАТС (BULATS) за германски јазик или друг меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори или други меѓународни организации на Б2 (В2) ниво на Заедничката европска референтна рамка за јазици учење, настава и оценување (ЦЕФР(СЕРР)). (Познавањето на странски јазик, покрај со меѓународно признати сертификати или меѓународно употребувани уверенија, се докажува и со потврда за завршен прв, втор или трет циклус на студии на еден од 200 највисоко рангирани факултети на Shanghai Ranking - ARWU (Academic Ranking of World Universities) на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (анѓлиски, француски, германски), за кои студии кандидатот поседува нострифицирана диплома). (оригинал или заверено на нотар),

- Кандидатите кои имаат завршено прв, втор или трет циклус на студии од областа на стоматолошките науки на еден од 1 00 највисоко рангирани факултети на Схангхаи Ранкинг ARWU (Academik Rankinking of VVorld Universities) не треба да ги исполнуваат посебните услови од точка 1 од овој оглас, ниту пак за нивното вработување се спроведува постапка за селекција на кандидат. (доказ за завршен прв, втор или трет циклус на студии од областа на стоматолошките науки на еден од 100 највисоко рангирани факултети на Shanghai RankingARVVUоригинал или заверено на нотар), просечен успех алинеа 1 на оваа точка
Доказ за работно искуство доколку го има (заверено од институцијата каде го остварил работното искуство)

4. 2 Покрај документите од точка 2 од овој јавен оглас, кандидатите за стоматолошки сестри треба да достават и:
- доказ за завршено Средно медицинско училиште (СМУ) и тоа
-Сведителствата од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот што е постигнат во СМУ за секоја година посебно (оригинал или копија заверена кај нотар), доказ за положен стручен испит (оригинап или копија заверена кај нотар),

5. Комисијата за изработка на тестови по кои се полага стручниот дел ја формира Министерството за здравство на Република Македонија,
Кандидатите ќе бидат известени за денот на полагање на стручниот дел.

6. Рокот за пријавување е 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот.

7. Документите се доставуваат во Архивата на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички вентар Свети Пантелејмон Скопје (3 кат) или на адреса, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички вентар Свети Пантелејмон Скопје, Бул. Мајка Тереза бр. 17, Скопје, со назнака: „за Јавен оглас со напомена за кое работно место конхурира.

8. Работно време од 40 часа неделно и основна нето плата изнесува:
- за кандидатот доктор на стоматологија изнесува 30. 700, 00 денари,
- за кандидатот стоматолошка сестра изнесува 18. 600, 00 денари.

ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН, СКОПЈЕ

Останати Вработување