Оглас за работа: ИНЖЕНЕР ЗА СТАТИСТИЧКА КОНТРОЛА НА ПРОЦЕС
(Statistical Process Control Engineer)
Реф.бр. 2017181
Локација: Скопје, Македонија
Clean Air е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од кандидат за позицијата Инжeнер за статистичка контрола на процес да се придружи на тимот во Одделот за осигурување на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје. Кандидатот ќе биде задолжен за активности поврзани со квалитет на клиенти и имплементација на системи во рамки на компанијата.
Главни одговорности
• Мониторирање и контрола на процесот преку статистички методи
• Статистичка анализа на податоци за детектирање на проблеми во врска со квалитетот на производите
• Подготовка на извештаи на месечно, квартално и годишно ниво на барање на купувачите
• Разбирање на процесите и барањата на купувачите и пренесување на истите до соодветните оддели
• Активна комуникација со Регионалниот тим за квалитет и оддели од други фабрики со цел задоволување на барањата на купувачите
• Имплементирање на ЛЕАН активности и најдобри практики во Одделот за квалитет, како и реализација на обуки за квалитет во одделот за производство
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
• Универзитетска диплома (Инженер / Технички науки/Комерција)
• Работно искуство во производствена средина
• Познавање на системите за квалитет
• Задолжително е добро владеење на англискиот и македонскиот јазик, познавање на дополнителен јазик ќе се смета за предност
• Познавање на алатки за статистичка анализа
• Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)
• Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време
Работно време : Административна смена 08:30 – 16:30 Пон.-Петок
Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за апликации: 26 Април 2018