Врз основа на член 3 и член 20г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа Музеј на град Скопје Скопје, и согласноста за вработување од Градот Скопје бр. 085017/1 од 06. 06. 2018 година, Директорот на Јавната установа
Музеј на град Скопје Скопје, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2018
за вработување на неопределено време
Јавната установа Музеј на град Скопје Скопје има потреба од засновање на работен однос на неопределено време за 2 (двајца) извршители за следните работни места:
I. Кустос за интердисциплинарни истражувања Одделение за археологија КУЈ1/03/04/Д03/002 1 извршител
Општи услови:
Да е државјанин на Република Македонија;
Активно да го користи македонскиот јазик;
Да е полнолетен;
Да има општа здравствена способност за работното место.
Посебни услови:
Високо образование (VII/1 степен или најмалку 240 ЕКТС) Наука за книжевност
Со или без работно искуство;
Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Распоред на работно време и износ на плата:
Работни часови неделно: 40
Работни денови: од понеделник до петок
Работно време: 08:30 16:30
Нето плата: 20. 335, 00 денари
II. Водич Одделение за маркетинг и едукација
КУЈ1/03/04/Д03/007 1 извршител (во депандансите на Музејот Илегалните работилници за време на НОБ и СулиАн)
Општи услови:
Да е државјанин на Република Македонија;
Активно да го користи македонскиот јазик;
Да е полнолетен;
Да има општа здравствена способност за работното место.
Посебни услови:
Високо образование (VII/1 степен или најмалку 240 ЕКТС) Историски науки, Историја на уметност или Наука за книжевност
Со или без работно искуство;
Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Распоред на работно време и износ на плата:
Работни часови неделно: 40
Работни денови: од вторник до недела
Работно време: од вторник до петок од 10:00 17:00; сабота од 09:00 17:00; недела од 09:00 13:00
Нетоплата: 19. 137, 00 денари
Заинтересираните кандидати за двете работни места треба да ги достават следните документи во оригинал или заверена копија од нотар:
Пријава и кратка биографија;
Доказ за завршено соодветно образование (Диплома или Уверение);
Доказ за познавање на јазик (меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на
Здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција на А1 нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис, или ТОЕФЈ1 ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат);
Уверение за државјанство.
Јавниот оглас трае 10 дена од денот на објавување во дневниот печат. Изборот ќе биде извршен најдоцна во рок од 30 дена од истекот на рокот за пријавување. Најдобро рангираните кандидати ќе бидат повикани за тестирање и интервју. Ненавремените пријави нема да се разгледуваат.
НАПОМЕНА: Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2018 година, вработувања се предвидени за:
Албанец/ка; Ром/ка или Србин/ка.
При изборот за вработување, ќе се применува начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Република Македонија, без да се нарушат критериумите на стручност и компетентност.
Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Музејот или на адреса:
ЈУ МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Скопје, бул. Кирил и Методиј б. б. во Скопје (со назнака: за оглас бр. 01/2018) најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас.
Контакт: mgs@mgs.org.mk; pravnamgs@gmail. com или 02/3227388, 02/3115367
Контакт лице: Билјана Треневска