Врз основа на член 2 1 и 22 од Законот за вработените во јавниот сектор и член 22 и 23 од Законот за работните односи, Агенцијата за вработување на Република Македонија, објавува
ОГЛАС
за вработување на определено време до 31.12.2018 година
I. За потребата од засновање на работен однос на определено време во Агенцијата за вработување на Република Македонија, за следното работно место:
1 Соработник за правни и административни работи во Агенција за вработување на Република Македонија Центар за вработување на град Скопје - (2) два извршител;
Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки;
најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
акгивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕвропскатаУнија (англиски, француски, германски); основната нето плата за работното место изнесува 23. 230 денари
2. Референт за правни и административни работи во Агенција за вработување на Република МакедонијаЦентар за вработување на град Скопје - (1) еден извршител;
Кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови;
Вишоправни науки или средно стручно правно образование најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕвропскатаУнија (англиски, француски, германски);
основната нето плата за работното место изнесува 14. 900 денари
Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
Уверение / диплома за завршен степен на образование
Потврда/Доказ за работно искуство
Потврда/Доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Потврда/Доказ за акгивно познавање на јазици
Доказ дека не име изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение за државјанство
II. Работниот однос се заснова со полно работно време 40 часа неделно, од понеделникдо петок; a дневното работно време е од 07:30 до 15:30.
III. Кон пријавата кандидатите треба да достават докази со кои се потврдува исполнувањето на предвидените услови.
IV. Огласот трае (3) три работни дена од денот на објавување во дневен печат.
V. Пријавите со потребната документација да се достават во архива или по пошта на следната адреса: Агенцијата за вработување на Република Македонија Централна служба, ул. "Васил Горгов" бр. 43, Скопје