Адвокатската канцеларија Дарко Ал Блана има потреба од ангажирање две лица на позиција aдвокатски приправник, кои ќе имаат можност да се стекнат со големо работно искуство во областа на граѓанско, трговско, трудово и казнено право.
Што бараме:
Покрај општите услови согласно закон потребно е кандидатот
Да има завршено Правен факултет- Правни студии минимум 240 ЕКТС кредити;
Со или без работно искуство;
Солидно познавање на англиски јазик;
Солидно познавање на компјутерски вештини ( Microsoft Office);
Посветеност, лојалност и желба за работа;
Како предност ќе се смета доколку има возачка Б категорија.
Што нудиме:
Пријатна атмосфера за работа;
Можност за учење и специјализирање во различни области од правото;
Компетитивен надомест;
Заинтересираните кандидати да го испратат своето CV на следниот меил:
advokat@alblana.mk
Овој оглас е со важност од 15 дена од денот на неговото објавување, а заинтересираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Адвокатска канцеларија Дарко Ал Блана