Медиа План ДООЕЛ– агенција за медиа планирање и закуп, објавува слободнo работнo местo за позициjата
медиа планер за онлајн медиуми и социјални мрежи ( DIGITAL MEDIA PLANNER)
Одговорности:
• Изработка и реализација на медиски стратегии и медиа планови за огласување на локалните портали, социјалните медиуми, Google Ads и останати дигитални медиуми и платформи.
• Подготовка на извештаи од реализираните онлајн кампањи и нивна анализа и евалуација;
• Презентација на резултатите од кампањите како и нивни анализи, во одреден формат;
• Континуирано следење на дигиталните трендови во Mакедонија и регионот и имплементација на знаењата во секојдневната работа;
• Подготовка на презентации и документи со анализа на трендовите во дигиталните медиуми;
Квалификации/способности:
• Универзитетска диплома
• Одлично познавање на англиски јазик;
• Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel и PowerPoint;
• Одлични аналитички вештини;
• Желба за постојано надоградување на дигиталните вештини;
• Способност за самостојна и тимска работа;
• Основно познавање на платформите: Google Ads, Facebook Ads Manager и Google Analytics;
• Основно познавање на дигиталните медиуми, социјалните и интерактивни мрежи и постоечки платформи
• Основно познавање на најновите трендови во онлајн огласувањето;
• Познавање на локалните портали во Македонија;
• Разбирање и толкување на метриките и резултатите од реализираните кампањи и нивно успешно презентирање во барана форма;
На кандидатите ќе им се обезбеди можност за усовршување во динамично опкружување, како и наградување за личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста.
Краен рок за пријавување: 25.11.2022-16h
Без телефонски јавувања. За интервју ќе бидат контактирани само селектирани кандидати.