Препорачани огласи

Фондација „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

Фондација „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

19.10.2021
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2021 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-20/1 усвоена на ден 18.10.2021 година објавува

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

• Молба
• Кратко CV
• Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите да ги достават потребните документи на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 20.10.2021 година до 8.11.2021 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година на Фармацевтски факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нето-износ).

Документите на кандидатите што се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот, кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на Фондацијата за 2021 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-22/1 усвоена на ден 18.10.2021 година објавува

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

• Молба
• Кратко CV
• Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите да ги достават потребните документи на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 20.10.2021 година до 08.11.2021 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година на Медицински факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нето-износ).

Документите на кандидатите што се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Останати Препорачани огласи