Образование

Стипендистите ќе мора да се вратат во Македонија или да ги вратат парите - Нови правила во конкурсите за стипендирање студии во странство

Стипендистите ќе мора да се вратат во Македонија или да ги вратат парите - Нови правила во конкурсите за стипендирање студии во странство

активен до31.12.2099
20.02.2025
Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за стипендирање студии во странство во академската 2025/2026 година. Објавени се три конкурси, за прв, втор и трет циклус, што значи дека се наменети за граѓаните на Македонија кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг-листа.

На конкурсите можат да аплицираат македонски граѓани кои во академската 2025/2026 година ќе се запишат на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при шангајскиот универзитет „Џио Тонг“.

Кандидатот треба да има соодветно претходно образование и соодветен просечен успех кој е наведен во конкурсот и да не е корисник на каква било стипендија од друг давател во моментов.

Сепак, годинава има една значајна измена во конкурсите. Имено, за стипендистите останува обврската по стекнувањето на дипломата да се вратат во Македонија и да работат двојно повеќе време од времето на студирањето.

-Има неколку новини во конкурсот. По враќањето, стипендистите треба да се пријават во МОН и да се регистрираат на посебен дигитален регистар (e-registar.mon.gov.mk), што го воведуваме оваа година, а кој ќе биде споделен со државните органи, универзитетите и стопанските комори, во насока на полесно наоѓање соодветен работен ангажман. Ако на студентот не му биде понуден ангажман во рок од шест месеци, не му престанува обврската да работи во државата - информира вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Ако студентот во рок од три месеци по дипломирањето се вработи во некоја компанија од „Fortune top 500“ листата во странство, тогаш надвор од Македонија може да остане најмногу до три години, со цел стекнување меѓународно корпоративно искуство, по што почнува да му тече обврската да работи во својата држава двојно повеќе време од времето на студирање.

- Доколку кандидатот одлучи да не се врати во државата, односно не ги исполни обврските од потпишаниот договор, ќе мора да ги врати средствата, онолку колку што Министерството му исплатило за студирање и тоа најдоцна во рок од две години по завршувањето на студиите. Во минатото се бараше враќање десеткратно поголем износ, што всушност беше неприменлива договорна одредба - додаде министерката.

Осврнувајќи се на дигиталниот регистар на стипендисти во странство, Јаневска посочи дека целта е во него да се пријават сите завршени и тековни студенти во странство кои користат стипендија од МОН, за да може државата да има увид во состојбата на секој стипендист.

Регистарот содржи податоци за студентот, видот на студиите, периодот на студирање, работен статус, контакт-податоци и слично и секој ќе треба најмалку еднаш годишно да ги ажурира своите податоци доколку има каква било промена. Студентот може да одбере неговиот профил да биде видлив и така полесно ќе се вмрежува со други студенти, со научни и образовни установи и со работодавачи.

- Веќе сме во комуникација со многу од студентите да се пријават во регистарот и бидејќи тоа може да им донесе само корист, очекувам соработка и постапување. А задоволство ми е да споделам и дека Министерството за образование и наука веќе започна соработка со неколку дипломирани студенти, кои имаат желба и со голем ентузијазам работат на развој и промоција на својата држава - рече министерката.

Конкурсите можете да ги погледнете на следните линкови:

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од прв циклус во странство за академската 2025/2026 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство за академската 2025/2026 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од трет циклус во странство за академската 2025/2026 година

Останати Образование

Универзитетскиот хаб на УКЛО за тројна транзиција – вруток на социо-економски, зелени и дигитални иницијативи
активен до31.12.2099

Универзитетскиот хаб на УКЛО за тројна транзиција – вруток на социо-економски, зелени и дигитални иницијативи

29.03.2025

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола ја официјализира иницијативата за формирање Универзитетски хаб за тројна транзиција, како одговор на актуелните кризи и потребата за создавање одржливи решенија за глобалните проблеми

Лани во Македонија докторирале 215 лица, од кои 71 се странски државјани
активен до31.12.2099

Лани во Македонија докторирале 215 лица, од кои 71 се странски државјани

25.03.2025

Лани во Македонија звањето доктор на науки го стекнале 215 лица, објави Државниот завод за статистика

Рекордно висока стапка на слободни работни места за наставници во Англија
активен до31.12.2099

Рекордно висока стапка на слободни работни места за наставници во Англија

14.03.2025

Наставниците во Англија ги напуштаат училниците поради влошување на однесувањето на учениците, плата која не оди во нагорна линија и нефлексибилни работни практики

Реновираните простории на СИЦ - Прв настан за подигнување на свеста за врсничкото насилство
активен до31.12.2099

Реновираните простории на СИЦ - Прв настан за подигнување на свеста за врсничкото насилство

14.03.2025

Настанот се одржа во реновираните простории на СИЦ, модерен и иновативен простор за креативност и напредни пристапи во образованието

АргументУМ – Дебатниот клуб на УКЛО КОЛОРС oтворен за нови дебатери
активен до31.12.2099

АргументУМ – Дебатниот клуб на УКЛО КОЛОРС oтворен за нови дебатери

10.03.2025

Дебатниот клуб „АргументУМ“ на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, со својата супериорна додавка КОЛОРС, продолжува да биде значаен активистички простор за студентите кои сакаат да ги развиваат своите аналитички и комуникациски вештини

Јан Стојановски освои сребро на Математичката олимпијада за студенти SEEMOUS 2025
активен до31.12.2099

Јан Стојановски освои сребро на Математичката олимпијада за студенти SEEMOUS 2025

10.03.2025

УКЛО започна со кампања под мотото „Корени и крилја - Европска диплома дома“
активен до31.12.2099

УКЛО започна со кампања под мотото „Корени и крилја - Европска диплома дома“

03.03.2025

Во Алијансата КОЛОРС посветени сме да ја славиме извонредноста

Нова студија открива поефективен начин за учење, но на учениците не им се допаѓа
активен до31.12.2099

Нова студија открива поефективен начин за учење, но на учениците не им се допаѓа

02.03.2025

Сакате да совладате нов јазик или да постигнете максимум поени на вашиот следен испит?

Стипендистите ќе мора да се вратат во Македонија или да ги вратат парите - Нови правила во конкурсите за стипендирање студии во странство
активен до31.12.2099

Стипендистите ќе мора да се вратат во Македонија или да ги вратат парите - Нови правила во конкурсите за стипендирање студии во странство

20.02.2025

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за стипендирање студии во странство во академската 2025/2026 година

Сите црногорски училишта забранија мобилни телефони за време на наставата
активен до31.12.2099

Сите црногорски училишта забранија мобилни телефони за време на наставата

20.02.2025

Во одлуката се предвидуваат и посебни околности (итни случаи, здравствени причини и сл.) во кои учениците со одобрение од предметниот наставник или од управата на училиштето можат да користат мобилен телефон