Живот

Студенти направија дизајн на првиот аеродром што може да го прочистува воздухот

Студенти направија дизајн на првиот аеродром што може да го прочистува воздухот

активен до31.12.2099
20.11.2020
Патувањето со авион оваа година многумина го ставија на пауза, а тоа им даде подолг период на дизајнерите и архитектите да размислат како да ги подобрат аеродромите, истовремено правејќи ги поодржливи за подобра иднина.

„Фентрес архитектс“ беше домаќин на овогодишниот Глобален предизвик - натпревар за студентски дизајн што почнал да се одржува од 2011 година. Глобалниот предизвик „Фентрес“ ја претставува посветеноста на компанијата за унапредување на иновативниот дизајн во јавната архитектура и привлекува млади таленти од целиот свет. Овогодишниот победник е „Грин гетавеј“ - мултимодален аеродром со со нула-емисии создаден од Кихил Банг и Каушал Татија.

1

Студентите од Институтот за архитектура во Јужна Калифорнија го трансформираа индискиот меѓународен аеродром „Индира Ганди“ во Њу Делхи во одржлив и културно-ангажиран центар, кој е исто така способен за прочистување на воздухот. Идејата била да се дизајнира структура што може да го намали влијанието врз животната средина на воздушниот сообраќај, истовремено зголемувајќи ја мобилноста низ Њу Делхи, кој е главен град на Индија и еден од најзагадените градови во светот.

3

„Грин гетавеј“ предлага иднина каде што аеродромите се многу повеќе од згради и им дозволуваат на патниците да се поврзат со локацијата преку секој елемент на конструкцијата. Концептот е замислен за иднина каде што летачките автомобили се норма и тоа значи драстично зголемување на домашните воздушни патувања.

- Го редизајниравме постојниот терминал како центар за шест кули што се наоѓаат низ цел град и имаат двојна намена за прочистување на воздухот. Зеленило во затворените простории, изобилство на дневна светлина и архитектура во форма на лак визуелно ги обединуваат зградите во овој децентрализиран систем - велат Бенг и Татија.

4

Користејќи одржливи стратегии за дизајн за да се создаде концепт за нула-емисија, структурата има систем на еден централен терминал и шест кули дисперзирани низ цел град - ова ќе помогне да се регулира рамномерно процесот на прочистување низ целата област што ќе ја користат летачките возила. Овие кули ќе работат како центри за прочистување на воздухот, како и станици за автомобилите.

5

Извор: Yankodesign.com
Фото: Nikhil Bang  | Kaushal Tatiya

Останати Живот