Вработување

Отворени работни места на Универзитетот „Гоце Делчев“... Нето плата до 50.311,00 денари

Отворени работни места на Универзитетот „Гоце Делчев“... Нето плата до 50.311,00 денари

21.05.2018
Врз основа начлен 98, 110, 114, 166, 172, 173, 174, 175, 176 и 182 од Законот за високото образование, член 22 став 3 и член 23 од Законот заработни односи

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ШТИП
Распишува КОНКУРС
за избор на наставници на единиците во состав на Универзитетот 

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ
1. 1 Наставник ио сите звања за наставнонаучната област:
Методика на јазик и Романистика (1 извршител)

2. ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
2. 1 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професпр за наставнонаучната област:
Ортопедски болести (1 извршител)

3. ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ
3. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Вентилација и техничка заштита и Организација и економика во рударството - (1 извршител)
3. 2 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Механика на карпите и тлото (1 извршител)
3. 3 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
- Животна средина (1 извршител)

4. ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ
4. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
Моделирање, симулација и анализа на комплексни контролни системи и Компјутерска контрола на комплексни индустриски процеси (1 извршител)

Критериуми за избор:
- во наставнонаучно звање доцент може да биде избрано лице кое: 1. има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, односно има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на интегрираните студии од првиот и вториот циклус, 2. има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира, 3. има објавени најмалку четири научни трудова во референтна научна публикација согласно со овој закон во последните пет години пред објавувањето на огласот за избор, 4. има познавање на најмалку еден странски јазик, определен со општ акт на универзитетот, односно на самостојната висока стручна школа и 5. има способност за изведување на високообразовна дејност. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и посебните услови од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

- во наставнонаучно звање вонреден професор може да биде избрано лице кое: 1. има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, односно има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на интегрираните студии од првиот и вториот циклус, 2. има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира, 3. има објавени најмалку пет рецензирани научни трудова во референтна научна публикација согласно со Законот за високото образование во последните пет години пред објавувањето на огласот за избор, 4. било претходно избрано во наставнонаучно звање доцент и 5. има способност за изведување на високообразовна дејност. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и посебните услови од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

- во наставнонаучно звање редовен професор може да биде избрано лице кое: 1. има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, односно има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на интегрираните студии од првиот и вториот циклус, 2. има научен степен доктор на науки од соодветната област, 3. има објавени најмалку шест рецензирани научни труда во референтна научна публикација согласно со Законот за високото образование во последните пет години пред објавувањето на огласот за избор, 4. да бил претходно избран во звање вонреден професор и 5. има способност за изведување на високообразовна дејност. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и посебните услови од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

- Афирмирани научници, уметници и стручњаци од практиката, кои ги исполнуваат условите за избор во звања, a за кои нема слободно место за избор во наставнонаучно звање можат да се избираат на универзитетот во звањето насловен доцент и насловен вонреден професор, според условите и постапката утврдени со Законот за високото образование. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и посебните услови од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

-На лицата кои имат заснован работен однос (заклучно со 15. 05. 2018 г. како доцент, вонреден професор, асистент, асистент докторант или помлад асистент на некој од универзитетите во Република Македонија, нема да се применуваат условите под точка 1 (за избор во вонреден и редовен професор) при нивниот избор во исто или повисоко наставнонаучно звање.
-Доцент и вонреден професор на факултет, односно уметничка академија се избираат за време од пет години, a редовен професор на факултет, односно уметничка академија со изборот заснова работен однос на неопределено време и го задржува звањето редовен професор доживотно.
-Распоред на работно време и плата:
-Дневно работно време од 08:30 до 16:30h.
-Неделно работно време40 работни часа (од понеделник до петок)
-Основна нето плата за: Доцент 38.143, 00 ден. Вонреден професор 43. 660, 00 ден. Редовен професор 50. 311, 00 ден; Насловен доцент 700, 00 ден. /час; Насловен вонреден професор -800, 00 ден. /час; Потребни документи за кандидатите за избор во наставни и наставнонаучни звања:

-пријава;

-диплома за завршено соодветно образованиеза одбранет магистерски/докторски труд (еден примерок од дипломата оригинал и три копии заверени кај нотар; странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените);
-Уверение за положени испити на прв и втор циклус на студии
-кратка биографија (во четири примероци);
-список на објавени научни и стручни трудови
-по еден примерок од трудовите;
-потврда дека се служи со еден странски јазик
-препорака од најмалку 2 (два) професора (вонреден/редовен) од соодветната научна област за која се врши изборот за кандидатите за избор во доцент;
-препорака од претходниот работодавач (доколку кандидатот бил вработен)за кандидатите за избор во доцент; -еден примерок од магистерски/докторскиот труд;
-уверение за државјанство;

Конкурсот трае 8 работни дена од денот на објавувањето.

Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 172 од Законот за високото образование (до 6 месеци од денот на објавувањето на конкурсот).

Документите се доставуваат до архивата на:
1. Филолошки факултетул. „Железничка" бб, Штип; тел. 032550180;
2. Факултет за медицински наукиКлиничка болница Штип ул. „Љубен Иванов" бр. 25 (Одделение за педијатрија); тел. 032550400;
3. Факултет за природни и технички наукиул. „Гоце Делчев" бр. 89, Штип; тел 032 550550;
4. Електротехнички факултетул. „22ри Октомври" бб Радовиш; тел. 032550650;

Останати Вработување