АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ има потреба од
Администратор кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот за Човечки ресурси.
Потребни квалификации:
- Високо образование
- Одлично познавање на англиски јазик. Француски јазик би бил предност.
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office)
- Запознаен со законот за работни односи и закони поврзани со работата во човечки ресурси
- Искуство во изготвување на договори, анекси, одлуки и решенија / пријави и одјави на работници.
Сите заинтересирани за работа во меѓународна компанија и динамична средина треба да испратат кратка биографија до:
recruitment.3@apave.com
Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.