Вработување

Вработување во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор...Нето плата 31.100 денари

Вработување во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор...Нето плата 31.100 денари

21.09.2018
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката Скопје објавува:

Јавен оглас за потреба од вработување на работник на неопределено време

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за РепубликатаСкопје, има потреба од вработување на 1 работник на
неопредел ено време за работното место „Референт за теренска контрола" во Отсек за теренска контрола, во Сектор за стопанисување со дел овен простор во Подружница Скопје на акционерското друштво.

Неделното работно време е од понеделникдо петок (40 часа), 8 работни часа дневно (почеток помеѓу 7.30 и 8.00 часот и завршеток помеѓу 15.30 и 16.00 часот), основна нето плата 31.100,00 денари.

Заинтересираните кандидати, треба да ги исполнуваат општите услови согласно закон како и посебните услови предвидени со Правилникот за систематизација на работни места на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за РепубликатаСкопје и тоа;

да имаат завршено СССКВ и 1 (една) година работно искуство по стекнувањето со бараната стручна подготовка.

Кандидатите со пријавата (со контакт телефон и адреса) треба да достават и докази за исполнување на наведените услови и тоа:
диплома, уверение или сведителство за завршено образование со бараната стручна подготовка (оргинал или копија заверена на нотар);
доказ за работно искуство (оргинал или копија заверена на нотар);
уверение за државјанство (оргинал или копија заверена на нотар);

Рокот за пријавување на кандидатите е 3 (три) работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Пријавата со документацијата во оргинал или копија заверена на нотар се доставува на адреса на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со
деловен простор од значење за РепубликатаСкопје - Дирекција, ул. "Орце Николов" бр. 138, Скопје, препорачано преку пошта или во архивата на акционерското друштво секој
работен ден од 8.00 16.00 часот.

Пријави доставени по email нема да се разгледуваат.

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката Скопје ќе изврши избор од пријавените кандидати во законски предвидениот рок (45, 90 или 120 дена) во зависност од бројот на пристигнатите пријави.
Лица за контакт: З. Недановски/ Ѓ. Манески, тел. 02/ 2 633833, 2 633 899.

Останати Вработување