Живот

Ковид-19 нема во осум држави во светот

Ковид-19 нема во осум држави во светот

активен до31.12.2099
21.11.2020
Коронавирусот сè уште не е потврден во само осум од 193 земји што се полноправни членки на Обединетите нации, а според Светската здравствена организација (СЗО), има заразени луѓе на сите континенти освен на Антарктикот.

Последната земја во која е регистриран овој вирус е Самоа, а тој пацифички архипелаг е дел од Австралија и Океанија, континентот со најголем број земји што не се погодени од коронавирусот.

Најголемата земја во која, барем официјално, не е потврден ниеден случај на коронавирус е Северна Кореја, чии власти уште на 26 јули го ставија во карантин градот Каесонг, кој е во близина со границата на Јужна Кореја, откако било откриено лице за кое се сомневало дека е заразено со Ковид-19. Сепак, тие сомневања не се потврдени, па затоа, и покрај резервираноста на медицинските експерти, Северна Кореја официјално е наведена како земја во која нема Ковид-19.

Туркменистан е втора азиска држава што нема случаи на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани над 800.000 лица, и со Казахстан, кoj бележи речиси 125.000 случаи.

Имаше неколку извештаи за граѓани од Туркменистан кои имале симптоми на коронавирусот, па дури и наводни смртни случаи, но тамошните власти досега не пријавиле случаи на инфекција.

Преостанатите шест земји во кои не е потврден ниту еден случај на Ковид-19 се наоѓаат во Океанија, а една од најбројните е Кирибати, која имаат околу 120.000 жители. Најмалата земја без случај на коронавирус е Науру, која има 12.000 жители.

Во продолжение е листата со држави рамноправни земји-членки на ОН во кои не е потврден ниту еден случај на коронавирус:

Азија (2): Северна Кореја, Туркменистан

Австралија и Океанија (6): Кирибати, Сојузни Држави на Микронезија, Науру, Палау, Тонга, Тувалу.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik

Останати Живот