Вработување

Оглас за вработување во Стопанска комора на Македонија

Оглас за вработување во Стопанска комора на Македонија

22.01.2020
Врз основа на чл.22 и 23 од Законот за работните односи ("Службен весник на Република Македонија" бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и ‟Службен весник на Република Северна Македонија‟ бр.110/2019), Стопанската комора на Македонија, објавува

О Г Л А С
за прием на работник на определено време

Стопанската комора на Македонија има потреба од вработување на еден извршител на определено време (три месеци), со можност за продолжување, за работно место соработник – коресподент по англиски јазик во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
• Висока стручна подготовка (VII степен или 245 ЕКТС кредити) – Филолошки факултет – преведување и толкување - англиски јазик – толкувачка насока;
• Работно искуство најмалку 3 години на превод на пишан материјал и консекутивен и симултан превод од областа на деловното (бизнис) работење од македонски на англиски јазик и обратно и од германски јазик на македонски јазик и култура;
• Одлично познавање на работа со компјутер;
• Прецизност, точност и посветеност на работата;
• Развиени комуникациски вештини;
• Способност за тимска работа.
Познавање на уште еден јазик ќе се смета за предност.

Работното време е 40 часа неделно (понеделник – петок). Работното време е клизно во периодот од 08:00 – 08:30 часот наутро до 16:00 – 16:30 часот попладне.

Основната нето плата изнесува 25.935,00 денари, месечно.

Кандидатите треба во прилог на апликацијата да достават кратка биографија со контакт податоци, копија од диплома за завршено ВСС и доказ за работно искуство, на следната адреса:
Стопанска комора на Македонија
Ул." Димитрие Чуповски" бр.13 – Скопје
или
наведените документи во скенирана форма на e-mail:
ana@mchamber.mk
Контакт: Ана Стерјовска, тел:02/ 3 244 037.

Рокот за пријавување е 10 работни дена сметано од денот на објавувањето на Огласот.
Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Бр.04 – 111/1
22.01.2020 година
С к о п ј е

Останати Вработување