Живот

Дали овие филмови и вам ви предизвикуваа трауми кога бевте деца?

Дали овие филмови и вам ви предизвикуваа трауми кога бевте деца?

активен до31.12.2099
22.02.2020
Гледањето погрешен филм кога сте дете може да има долготраен ефект. Токму тоа го заклучија и твитер-корисниците, кои почнаа да споделуваат имиња на филмови што ги трауматизирале додека биле деца. Асистентот за производство Ешли Бауер почна со вирален тренд предлагајќи дека „Џуманџи“, веројатно оригиналот од 1995 година во кој глуми покојниот Робин Вилијамс, ѝ останал во мислите веројатно поради погрешни причини.

Меѓу најтрауматичните филмови се најдоа „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Малата принцеза“, „Терминатор 2“, „Деца на пченката“, „Бамби“, „Вили Вонка и фабриката за чоколадо“ и други.

- Вили Вонка. Не се шегувам. И ден-денес филмот е вознемирувачки за мене. Прилично чуден филм - вели еден твитер-корисник.

- „Бамби“ - со години имав кошмари за смртта на моите родители - вели друг.

- „Деца на пченката“. Пораснав на фарма и многу се плашевме на пижама-забавите кога се преправавме дека сме духови во полињата со пченка околу нашите домови - вели трет твитер-корисник.

-
Актерот Зак Браф, режисерот Едгар Рајт и стотици други имаа ужасни искуства со овие филмови: Извор: Huffington Post
Фото: Youtube/Printscreen

Останати Живот