Образование

Бројот на средношколци намален за 2,5 отсто во споредба со претходната учебна година

Бројот на средношколци намален за 2,5 отсто во споредба со претходната учебна година

активен до31.12.2099
22.03.2021
Во редовните средни училишта бројот на учениците на крајот од учебната 2019/2020 година изнесува 68.273, што претставува намалување за 2,5 % во споредба со претходната учебна година, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека на крајот од учебната 2018/2019 година во земјава имало 70.025 средношколци кои учеле во 130 редовни средни училишта, а им предавале 7.510 наставници, од кои 6.560 со полно работно време.

На крајот од учебната 2019/2020 година во Македонија биле регистрирани 128 редовни средни училишта со 3.519 паралелки и 68.273 ученици. Во нив биле вработени вкупно 7.409 наставници, од кои 4.538 жени. Со полно работно време биле 6.414 наставници.

Во Македонија има 4 специјални средни училишта со 226 ученици и 82 наставници. Исто така, во земјава има две средни верски училишта во кои на крајот од учебната 2019/2020 биле регистрирани 187 ученици, а предавале 31 наставник, од кои само 1 жена.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Доколку ги разгледаме податоците за редовните средни училишта според јазикот на кој се изведува наставата, можеме да забележиме дека во учебната 2019/2020 година на македонски јазик наставата се изведувала во 108 од вкупно 128 училишта. Ја следеле вкупно 46.729 ученици, а ја предавале 4.854 наставници.

На албански јазик наставата се изведувала во 40 редовни редни училишта, а ја следеле 19.046 ученици и ја предавале 2.112 наставници.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

На турски наставата се изведувала во 12 училишта, ја следеле 1.180 средношколци, а ја предавале 199 наставници.

И на англиски наставата се изведувала во 8 училишта, ја следеле 1.317 средношколци, а ја предавале 244 наставници.

Податоците за бројот на основци можете да ги видите ТУКА.

Насловна фотографија: Freepik

Останати Образование

Нова страница за УКЛО: Се основа Факултет за медицински науки и здравство со силна поддршка од академската и локалната заедница
активен до31.12.2099

Нова страница за УКЛО: Се основа Факултет за медицински науки и здравство со силна поддршка од академската и локалната заедница

15.05.2025

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја поздрави одлуката на македонската Влада за усвојување на Информацијата за потребата од основање Факултет за медицински науки и здравство како нова академска единица во состав на универзитетот

Две бронзи за македонските гимназијалци на најтешката олимпијада по хемија „Менделеев“
активен до31.12.2099

Две бронзи за македонските гимназијалци на најтешката олимпијада по хемија „Менделеев“

14.05.2025

Помеѓу 192 натпреварувачи од 39 држави од целиот свет, Марио Ванчоски од Штип и Петар Мирчевски од Прилеп освоија бронзени медали

Семинар од областа на ветеринарната медицина во организација на Ветеринарниот факултет при УКЛО
активен до31.12.2099

Семинар од областа на ветеринарната медицина во организација на Ветеринарниот факултет при УКЛО

13.05.2025

Успешно е одржано третото издание на меѓународниот семинар од областа на ветеринарната медицина, во организација на Ветеринарниот факултет – Битола и Ветеринарната комора

Факултетот за биотехнички науки - Битола започна со имплементација на меѓународен еколошки проект во рамки на програмата Еразмус+
активен до31.12.2099

Факултетот за биотехнички науки - Битола започна со имплементација на меѓународен еколошки проект во рамки на програмата Еразмус+

09.05.2025

Проектот е координиран од страна на Karadeniz Technical University, Трабзон, Турција, а ФБН е една од партнерските институции кои ќе ја реализираат оваа иницијатива во следните 30 месеци.

УКЛО: Академска ризница со европски хоризонти под мотото „Корени и крилја“
активен до31.12.2099

УКЛО: Академска ризница со европски хоризонти под мотото „Корени и крилја“

02.05.2025

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод 25 април – Денот на своето основање, организираше тридневни академски настани под мотото „Корени и Крилја – Европска диплома дома“.

Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонските математичари на БМО 2025!
активен до31.12.2099

Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонските математичари на БМО 2025!

29.04.2025

Балканската математичка олимпијада 2025 се одржа во Сараево, а македонскиот тим блесна со одлични резултати!

УКЛО со Отворен ден: „Корени и крилја“ за иднината на високото образование
активен до31.12.2099

УКЛО со Отворен ден: „Корени и крилја“ за иднината на високото образование

23.04.2025

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го прославува 25 Април – Денот на основањето со организирање Отворен ден, годинава под инспиративното мото „Корени и крилја“

Нова ера во разбирањето на надареноста: ХОДИМОНA модел – ХОлистички ДИференцијален МОдел на  НАдареноста
активен до31.12.2099

Нова ера во разбирањето на надареноста: ХОДИМОНA модел – ХОлистички ДИференцијален МОдел на НАдареноста

17.04.2025

УКЛО со младите за македонскиот стандарден јазик - како културен, општествен и образовен темел
активен до31.12.2099

УКЛО со младите за македонскиот стандарден јазик - како културен, општествен и образовен темел

15.04.2025

Во јубилејната година посветена на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола организира серија настани и работилници кои ја истакнуваат клучната улога на јазикот како културен, општествен и образовен темел

Универзитетскиот хаб на УКЛО за тројна транзиција – вруток на социо-економски, зелени и дигитални иницијативи
активен до31.12.2099

Универзитетскиот хаб на УКЛО за тројна транзиција – вруток на социо-економски, зелени и дигитални иницијативи

29.03.2025

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола ја официјализира иницијативата за формирање Универзитетски хаб за тројна транзиција, како одговор на актуелните кризи и потребата за создавање одржливи решенија за глобалните проблеми