Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работни односи, ДГ БЕТОН АД Скопје распишува:
ОГЛАС
За вработување на:
1. Систем инженер 1 извршител
ВСС Дипломиран инженер на ЕТФ (КТИА), ФЕИТ, ФИНКИ или други сродни факултети од
слична област, за работа на определено време од 1
(еден) месец, активно познавање на англиски
јазик, со основна плата од 30. 643, 00 денари;
Предност ќе имаат кандидатите со искуство во:
-
администрирање на Windows серверска инфраструктура
-
менаџирање на АД инфраструктура
-
менаџирање на Microsoft Exchange инфраструктура
-
одржување и надградба на мрежна инфраструктура
- возачка дозвола со положено Б категорија
2. Мрежен администратор 1 извршител
ВСС Дипломиран инженер на ЕТФ (КТИА), ФЕИТ, ФИНКИ или други сродни факултети од
слична област, за работа на определено време од 1
(еден) месец, активно познавање на англиски
јазик, со основна плата од 22. 176, 00 денари;
Предност ќе имаат кандидатите со искуство во:
- менаџирање, промена и одржување на постоечката мрежна инфраструктура, како и креирање
на нова
-
искуство во детектирање и решавање на хардверски проблеми
- возачка дозвола со положено Б категорија
Кандидатите покрај наведените услови потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени
со Закон.
Работата ќе се одвива со полно работно време од 8
(осум) часа, од понеделник до петок, со работно
време од 8:00 до 16:00 часот.
Работата ќе се одвива во Скопје, a по потреба и на други локации.
Молбите со потребните документи да се достават на адресата на ДГ БЕТОН АД Скопје, ул.
Миле Поп Јорданов бр. 32а -
Скопје, во рок од 5
(пет) работни дена од денот на објавување на огласот,
или на Email: beton@beton.com.mk
Лице за контакт: Персида Србиновска 02/5513767
Изборот ќе се изврши во рок од 15 (петнаесет) дена по истекот на рокот за пријавување.
При доставување на молбите за работа кандидатите задолжително да го наведат редниот број
на работното место за кое конкурираат.
ДГ БЕТОН АД СКОПЈЕ