Препорачани огласи

Оглас за вработување во Директ медиа. Отворени се 3 (три) работни позиции

Оглас за вработување во Директ медиа. Отворени се 3 (три) работни позиции

22.07.2019
Direct Media United Solutions e една од најголемите маркетинг агенции во регионот. На своите интернационални и локални партнери им овозможуваме обединети комуникациски, рекламни и медиумски услуги верувајќи во Science + Art пристапот на комуникација. Да бидеме најуспешна медиумска агенција во регионот, да останеме прв и очигледен избор на партнерите, тоа е нашата визија. 

За остварување на нашите цели бараме повеќе супер херои кои би ни се придружиле во тимот. Вработуваме: 
Media Planner (една позиција) 

Вештини и знаења кои би сакале да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
• Минимум две години работно искуство во медиа планирање
• Солидно познавање на софтверот Arianna на Nielsen
• Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот (Excel и Power Point)
• Способност за аналитичко размислување
• Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
• Одлично познавање на англиски јазик

Описот на работното место вклучува:
• Изработка на медиа планови според даден бриф, следење на реализација и мониторинг на кампањи
• Одговорен за комуникација со клиенти и агенциските партнери/соработници
• Изработка на извештаи по завршување на кампањи
• Активно учествува во изготвување на комуникациската стратегија на клиентите за кои е задолжен

Junior Media Planner (две позиции) 

Вештини и знаења кои би сакале да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
• Одлично познавање на англискиот јазик
• Солидно познавање на MS Office пакетот (Excel и Power Point)
• Да се добро математички потковани
• Да се тимски играчи
• Да поседуваат работна етика
• Да имаат желба за напредок и усовршување

Што ние нудиме за возврат:
• Динамична работна средина
• Простор за напредок, усовршување и колеги кои сакаат да го споделат своето знаење и долгогодишно искуство
• Централна локација во Скопје
• Кул колеги и еден куп заеднички активности, корпоративни обуки и тренинзи
• Платата ќе биде утврдена во согласност со искуството на кандидатот

Доколку ви изгледа интересно нешто од тоа што го прочитавте погоре и ги исполнувате критериумите, или пак се сметате амбициозни да ги исполните, ве молиме испратете ни го вашето CV на следната адреса: office@directmedia.mk најдоцна до недела, 25.08.2019. Ве молиме во насловот на маилот назначете за која позиција аплицирате.

* Апликациите ќе бидат разгледувани во целосна тајност и дискреција. Ќе бидат контактирани само ониe кандидати кои ќе влезат во потесниот избор.

Останати Препорачани огласи