Вработување

Вработување во „Макпетрол“ АД Скопје. Отворени се 15 работни места

Вработување во „Макпетрол“ АД Скопје. Отворени се 15 работни места

22.08.2018
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А. Д. Скопје распишува

ОГЛАС
За вработување на 15 работници на определено време од 3 (три) месеци

на бензинска станица во Регион Скопје во Дирекција за малопродажба на следните работни места:
- Продавач II категорија - 12 работници;
- Продавач касиер I категорија - 3 работници.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделникдо недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 18. 200 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол" А. Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 - Скопје
лице за контакт: Марија Тодороска
телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.

Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

„МАКПЕТРОЛ" А. Д. - СКОПЈЕ

Останати Вработување