Живот

Најголемата закана за светот сега, а не е коронавирусот

Најголемата закана за светот сега, а не е коронавирусот

активен до31.12.2099
23.07.2020
Детална анализа на повеќе истражувања за животната средина открива дека најголемата закана за светот во моментов е богатството, односно капитализмот.

Ова е еден од главните заклучоци на научници од Австралија, Швајцарија и Велика Британија, кои предупредуваат дека мора да стане приоритет справувањето со прекумерната потрошувачка. Нивниот извештај под наслов „Предупредување од научниците за богатството“ објаснува дека се потребни значајни промени во животниот стил наместо само надевање дека ќе биде доволно поефикасното користење на ресурсите за да се достигне одржливост.


Фото: Freepik

- Не може да се потпреме само на технологијата за да ги решиме основните проблеми со животната средина, како климатските промени, загубата на биолошката разновидност и загадувањето - пишува главниот автор Томи Видман.

Според него, потребно е да го смениме нашиот животен стил и да ја намалиме прекумерната потрошувачка, како и да се направат структурни промени. Постои консензус дека планетата е на прагот на можноста за одбегнување еколошка катастрофа.


Фото: Freepik

Според Обединетите нации, приближно половина од глобалниот БДП зависи од природниот свет. Милиони работни места зависат од природата, а милијарди луѓе се поврзани и зависни од природни лекови. Згора на тоа, програмите за садење дрвја може да го намалат влијанието на глобалните емисии и да помогнат во исполнувањето на целта на Парискиот договор да се задржи покачувањето на температурата под 1,5 Целзиусов степен.
 
Извор: weforum.org

Останати Живот