ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УКИМ
ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
ОКТА АД-Скопје во учебната 2021/2022 година доделува пет стипендии на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, запишани на втор циклус студии на одредени студиски програми на некој од следните факултети:
• Технолошко – металуршки факултет
• Факултет за електротехника и информациски технологии
• Природно – математички факултет – Институт за хемија
• Машински факултет
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
1. Да има завршено прв циклус студии во траење од осум семестри на факултетот на кој аплицира за стипендија, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
2. Да поседува сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;
3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
4. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
5. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.
II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1. Пријава (формулар достапен во огласите објавени на интернет страната на ОКТА);
2. Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
3. Уверение - потврда за активно познавање англиски јазик;
4. CV на македонски јазик.
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина за одредените студиски програми во висина утврдена во Конкурсот за запишување на студенти на втор циклус студии на УКИМ во учебната 2021/2022 година.
IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 04.10.2021 година. Документите може да се испратат по пошта или да се достават директно во архивата на факултетот на кој се конкурира.
Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници на факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.
Контакт лице за дополнителни информации:
Ирена Богдановска Дичов
02 25 32 226
076 465 282
i.bogdanovska@helpe.gr