Отворени се 2 работни позиции исполнети со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.
Што е тоа што го бараме:
Висока стручна подготовка – (BSc) општествени науки, предност Маркетинг;
Најмалку три години работно искуство во областа на маркетинг, предност индустријата „FMCG“;
Работно искуство во раководење со развојни програми за маркетинг и проектен менаџмент ќе се смета за предност;
Одлични комуникациски и организациски вештини со прагматичен пристап;
Силни аналитички вештини;
Напредно познавање на MS Office;
Одлично познавање на деловниот англиски јазик.
Краток опис на основните одговорности:
Обезбедува врвна поддршка, развој и извршување на маркетинг-програмите за купувачи, вклучувајќи ја и програмската стратегија за извршување на целото портфолио производи (пиво и сокови). Развива национална стратегија за промоции и ги имплементира, вклучувајќи креативен менаџмент, оперативна промоција и евалуација.
Развива детални и уникатни маркетинг-програми за консументите и купувачите;
Планира, подготвува и имплементира клучни бренд-активности за купувачи во согласност со бизнис-планот;
Користи тактики за следење и мерење на резултатите и ги оптимизира маркетинг-програмите за да обезбеди поголема ефикасност;
Води и управува со проекти (во полето на делување) на меѓуфункционално ниво, вклучувајќи ги одделите за Финансии, Трејд-маркетинг и Продажба;
Креира план на главни и дополнителни активности за непредвидливи ситуации и ги активира во координација со одделите на Комерција;
Брзо дејствува согласно барањата и потребите на пазарот. Иницира и спроведува активности врз основа на релевантни информации од преостанатите функции/оддели;
Активира планови и стратегии, презема иницијатива сите да бидат целосно и навреме имплементирани;
Континуирано го подобрува знаењето, разбирањето (за консументи/купувачи), ги следи пазарните трендови и ги користи во развојниот план на брендот.
Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да аплицирате:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната e-адреса
recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака за називот на позицијата,
„Shopper Marketing Manager“, најдоцна до 3.12.2018 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.