Живот

Зошто некои луѓе слушаат бои и вкусуваат зборови?

Зошто некои луѓе слушаат бои и вкусуваат зборови?

активен до31.12.2099
24.01.2021
За мала група луѓе, напишаните броеви може да евоцираат виолетова боја, а одреден звук може да биде почувствуван на кожата. Луѓето со оваа состојба наречена синестезија честопати ги вкусуваат кажаните зборови. На пример, името Сем може да им предизвика слатко чувство.

Сè уште не е јасно како некои луѓе „чувствуваат“ ароми или „вкусуваат“ имиња и нема стандарден тест за дијагностицирање на оваа невролошка состојба, што ја прави уште помистериозна.

Психологот Дејвид Бренг од Универзитетот на Мичиген вели дека постојано добива електронски пораки од луѓе кои прашуваат дали некои искуства се знак дека ја имаат оваа состојба. Тој објаснува дека станува збор за мешање на сетилата, а тоа е нешто што не може лесно да се „врати во нормала“.


Фото: Pixabay

Според моменталната теорија, мозокот на лицата со синестезија има дополнителни нервни врски. Кога гледате збор, мрежницата и нервите во окото ги испраќаат тие информации до визуелниот кортекс, кој ја создава сликата што ја гледате, а потоа мозокот ја поврзува сликата со одредена содржина.

Дополнителните врски можеби истовремено испраќаат сигнали до повеќе региони од мозокот и на тој начин одредена појава се „прима“ на повеќе начини, според теоријата.

Автор. Марион Рено
Извор: popsci.com

Останати Живот