Живот

Кинеска компанија испрати пакети со маски во Италија, со италијанска поезија: „Ние сме лисја од истото дрво“

Кинеска компанија испрати пакети со маски во Италија, со италијанска поезија: „Ние сме лисја од истото дрво“

активен до31.12.2099
25.03.2020
Кинеската компанија „Шаоми“ испрати пакети со десетици илјади респираторни маски во Италија, а тоа го направи со умешност на вистински италијански романтичар.

Телефонскиот гигант „Шаоми“ ја испрати пратката до италијанскиот Оддел за цивилна заштита, а пакетите  содржеа и древна поезија од римскиот филозоф Сенека:

„Ние сме бранови од истото море, лисја од истото дрво и цвеќиња од истата градина“.

„Siamo onde dello stesso mare, foglie dello stesso albero, fiori dello stesso giardino“.

Италија е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот, а „Шаоми интернешнл“ ја објави донацијата на својата фејсбук-страница, велејќи дека компанијата чувствувала одговорност кон пазарот што им посакал топло добредојде кога производителот на паметни телефони се проширил во Италија пред две години.



- Уште при нашето доаѓање пред две години се чувствувавме сакано и длабоко интегрирано во животот на земјата. Ова е причината што чувствуваме должност да ја поддржиме Италија во управувањето со епидемијата на Ковид-19, со донирање важна количина на маски - изјавија од „Шаоми“.

Финансискиот шеф на компанијата изјави дека способноста да се понуди помошта е извор на голема гордост.
Недостигот на медицинска опрема како маски, комплети за тестирање, респиратори и други производи се најголемите причини зошто една земја не би можела да ја контролира епидемијата, а маските испратени од „Шаоми“ се најефикасните достапни маски.

Извор: Good News Network
Фото: Facebook

Останати Живот