Вработување

Министерство за правда објавува оглас за вработување! Отворени се 2 (две) работни места

Министерство за правда објавува оглас за вработување! Отворени се 2 (две) работни места

25.06.2018
Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува Оглас за вработување на 2 (две) лица Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/2016), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16,35/2018) и Правилникот за внатрешна организација на Министерство за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20-154/2015-1 од 11.06.2015 година, 20-168/38од 27.12.2016 и 20-53/2 од 30.01.2017,Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20-154/2015-2 од 11.06.2015 година, 20-168/39 од 27.12.2016 и 20-53/1 од 30.01.2017, објавува 

ОГЛАС БРОЈ 2/2018 
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 (ДВАЈЦА) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА 
МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува оглас за вработување 2 (две) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2018 година за следниве работни места:

1. Еден извршител, во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права,во Одделението за финансиско работење и други административни работи, на работно место Помлад соработник за човечки ресурси, со звање помлад соработник.

Потребни квалификации:
Образование:Правни науки или јавна администрација, ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
Работно искуство:со или без работно искуство
Познавање на странски јазици: Англиски јазик
Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно времепомеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа;
Паричен нето износ: 21000денари.

2. Еден извршител, во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права,на работно местоРаководител на Одделението за извршување на поединечни и општи мерки по одлука на Европскиот суд за човекови права, со звање раководител на одделение.

Потребни квалификации:
Образование:Правни науки, ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
Работно искуство:Најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
Познавање на странски јазици: Англиски јазик
Посебни услови: Правосуден испит
Дневно работно време: Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно времепомеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа;
Паричен нето износ: 28 000 денари.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
Кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
Фотокопија од уверение/диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
Доказ за познавање на англиски јазик
Доказ за положен правосуден испит (само за кандидатите кои што аплицираат за второто работно место-раководител на одделение) и Копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:
Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување“)
Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права (канцеларија бр. 9 на II спрат).

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 27.06.2018 година (среда). Пријавите кои што ќе пристигнат по истекот на овој рок,како и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

По селекцијата на пријавите, само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Министерството за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Останати Вработување