Живот

Порака од 1917 година скриена во под го пронашла својот пат до внуката на авторот

Порака од 1917 година скриена во под го пронашла својот пат до внуката на авторот

активен до31.12.2099
25.12.2020
Временска капсула – шише за млеко, кое е откриено под бетонскиот под во „Розлин Грист Мил“ во Њујорк, ги воодушевила жителите бидејќи ја откриле вистината за градбата. Шишето за млеко, во кое има рачно напишани писма и ретки парички, е откриено по повеќе од еден век откако било скриено.

Капсулата ја открил тим кој работел на обнова на зградата, а била закопана под подот на мелницата. Се верува дека е закопана во 1917 година – тврди компанијата која дава информации за историски и архитектонски значајни градби. Покрај неколкуте ретки парички, во шишето имало и две писма, едно напишано на англиски и едно на италијански јазик, кои на крајот стигнале до внуците на авторите. Англиското писмо го напишал Стивен Спидлинг, кој поседувал столарска работилница во градот.

Италијанското писмо го напишал Ромоло Капарело, кој го дизајнирал бетонскиот покрив за конструкцијата. Писмото го превел Андреа Феди, професор по италијански и културолошки студии од Универзитетот „Стони Брук“, кој објаснил дека Рамоло сакал да биде запаметен по својата пионерска работа на мелницата.

„Внимание, ова е подарокот кој ви го давам, Ромоло Капарели го смисли бетонскиот покрив и ѕидовите во облик на штици поставени во 1916 и 1917 година. Затоа, сетете се на мене, првиот ѕидар Ромоло Капарели“, напишал тој.

objekt
Стариот изглед на објектот/ Фото: CBS NEws

Пем Стои, внуката на Ромоло, потврдила дека тој бил роден во местото Пико во Италија, а подоцна станал жител на Розлин.

„Работел на реставрација на мелницата за зрна во 1916 година кога требало да биде користена како музеј. Го применил единствениот стил со малтер на надворешните делови и бетон за подовите и покривот. Исто така, своите иницијали ги ставил на малтерските површини покрај влезот. Татко ми ми рече дека ставил стаклен сад во ѕидот од зградата со различни содржини. Толку ми е драго што тоа е пронајдено, и тоа во релативно добра состојба“, изјавила Пем. По завршетокот на реставрацијата предметите ќе бидат изложени за посетителите да можат да ги видат.

порака
Фото: CBS News

„Да се пронајде таков дел од историјата е навистина богатство. Би требало да ставиме и своја малечка порака во шише кога повторно ќе ја составиме оваа структура“, изјавила Џенифер Листер.

Автор: Пејџ Холанд
Извор: Mirror.co.uk

Останати Живот