Живот

Кинез одбил понуда од 205.000 евра за да се пресели, па сега живее во куќа опкружена со автопат

Кинез одбил понуда од 205.000 евра за да се пресели, па сега живее во куќа опкружена со автопат

активен до31.12.2099
26.03.2025
Хуанг Пинг, сопственик на дом кој одбил да го напушти, живее на средина на автопат кој е во изградба во Џинкси, мал град на југозапад од Шангај, Кина.

Пинг признава дека сега се кае затоа што не ја прифатил понудата за обесштетување од владата. Сепак, и покрај понудата, тој избрал да остане во својата двокатна куќа. Како одговор на ова, работниците го изградиле автопатот околу неговиот дом, кој треба да се отвори напролет.

За да ја избегнат вревата и прашината од изградбата, Пинг и неговиот 11-годишен внук го поминуваат поголемиот дел од времето во центарот на градот. Тие се враќаат во својот дом секоја вечер по завршувањето на работата.

Сепак, Пинг е загрижен дека кога автопатот ќе почне да функционира, вревата ќе биде постојана, поради што ќе биде нарушен нивниот мир.

- Ако можев да го вратам времето, ќе ја прифатив понудата. Сега чувствувам дека изгубив голем облог. Навистина жалам - вели  Пинг.

Додека Пинг жали за својата одлука, локалните жители сметаат дека тоа е фасцинантно и доаѓаат на имотот за да направат фотографии.

Пинг изјавил дека му биле понудени 205.000 евра и два други имоти, што подоцна било зголемено на три. Секретарот на партискиот комитет на округот Џинкси претходно изјавил дека Хуанг одбил да се пресели бидејќи не бил задоволен од понудата на владата.

Сега Хуанг Пинг живее во центарот на автопатот. За да стигне до вратата на својата куќа, мора да помине низ голема цевка. Покривот на неговиот дом е речиси на исто ниво со две патни ленти на автопатот.

Извор: Ndtv.com
Фото: Twitter/X

Останати Живот