Државната комисија за спречување на корупцијата
соопшти дека ќе побара Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да изврши вонреден инспекциски надзор и да утврди дали има судир на интереси во однос на постапката за избор на нов ректор на УКИМ и дали постапката е во согласност со Законот за високо образование и Статутот на УКИМ.
Според пријавата до Антикорупциска, има околности кои може да доведат до заклучок дека постои судир на интереси – ректорот постапувајќи од позиција на претседавач на Сенатот на УКИМ, презема активности за формирање Универзитетска изборна комисија за избор на ректор, па доколку се јави како кандидат за нов мандат за ректор директно се доведува во состојба на фактички судир на интереси.
- Иако Статутот на УКИМ е донесен во јуни 2019 година, досега не е спроведена постапка за избор на претседател на Сенатот, ниту пак е дадено право на највозрасниот член на Сенатот да ги врши работите на претседател на Сенат, што е предвидено со член 159 од Статутот. Постапувањата за започнување и за спроведување избор на ректор во вонредна состојба, се спротивни на Уредбата на Владата од 24 март, каде се вели дека за време на траењето на вонредната состојба, мандатот на членовите на органите и телата се продолжува до завршувањето на вонредната состојба – се вели во соопштението.
Утрово пред Ректорат се избираа членовите на Универзитетската изборна комисија
Тие наведуваат дека со Статутот на УКИМ, донесен на 28.06.2019 година, попрецизно се уредени постапките за избор на органите и телата на Универзитетот. Имено, со член 159 од Статутот на УКИМ претседателот на Сенатот се бира од редот на сенаторите, а до неговиот избор, работите од надлежност на претседател на Сенат ги врши највозрасниот присутен член на Сенатот.
- Актуелниот ректор покрај функцијата ректор, врши улога на претседавач на Сенат, користејќи ги преодните и завршните одредби од новиот закон, во смисла дека ректорите, проректорите ... ја вршат својата функција до истекот на нивниот мандат, иако и со Законот за високо образование и Статутот е јасно дека тоа е нова функција – пишува во соопштението.
Од Антикорупциска ќе упатат барање до Државниот просветен инспекторат за вршење вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на УКИМ во однос на постапката за избор на ректор на УКИМ, за избор на претседател на Сенатот и да преземе мерки согласно своите надлежности.
Во изминатите неколку дена
Независниот академски синдикат (НАкС) и тројца проректори на УКИМ реагираа на постапката за избор на ректор и го обвинија актуелниот ректор дека го дека го крши Законот за високо образование. Јанкуловски пак, во
соопштение за јавноста напиша дека почната постапка за избор на ректор на УКИМ е во согласност со Законот за високо образование.
Утрово, пак пред Ректоратот на УКИМ, на седница на отворено се избираа членовите на Универзитетската изборна комисија, која треба да ги распише изборите за нов ректор.