Препорачани огласи

Оглас за вработување во Стопанска банка АД-Скопје

Оглас за вработување во Стопанска банка АД-Скопје

27.06.2018
Одлична можност да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален тим, кој во соработка со Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува примена на прописите од областа на информативна сигурност и спроведување на сигурносните контроли и ефикасна оперативна практика на ниво на цела банка.

Советник за специфични прашања одговорен за сигурноста на инфсрмативниот систем (ОСИС) во кабинетот на претседателот на Управниот одбор

Значајни должности:
Одговорен за примена но прописите од областа на информативната сигурност,
Одговорен за редовно информирање на надлежните органи за прашања поврзани со информативната сигурност.
Врши процена на ризиците, анализа на веројатноста од појава на закани, предлага унапредување на политиката и на процедурите за информативна сигурност.
Учествува во дефинирање и во координација на спроведувањето на сигурносните контроли во Банката и врши набљудување на нивната ефикасност.
Го организира и управува процесот на изработка и на тестирање на Планот за континуитет во работењето.

Потребни квалификации:
Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
Релевантно работно искуство во областа на информативната сигурност.
Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат за значајна предност;
Одлични способности за тимска работа, комуникација и за меѓучовечки односи;
Кандидатот треба да биде способен да работи независно и самостојно;
Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
Одлично познавање (вербалио и писмено) англиски јазик, како и стручно и напредно користење MS Office.

Стопанска банка АД. Скопје нуди атрактивен компензациски пакет и можности за континуиран професионален развој, кои ја рефлектираат иејзината улога на водечка финансиска институција.

Месечниот надомест ќе биде утврден во согласност со искуството и со квалификациите на кандидатот.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, ве молиме аплицирајте со поднесување на вашето CV и писмо за интерес на англиски и на македонски јазик на human.resources@stb.com.mk.

Пријавувањето можете да го извршите чајдоцна до 12 Јули 2018 година.

Натаму ќе биде контактирано единствено со квалификуваните каидидати во потесен избор.

Останати Препорачани огласи