Вработување

Вработување во Министерството за информатичко општество и администрација. Отворени се 14 (четиринаесет) работни места

Вработување во Министерството за информатичко општество и администрација. Отворени се 14 (четиринаесет) работни места

27.08.2018
Врз основа на член 20 -г став (1) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" број 27/14, 199/14, 27/16 и 35/2018), и член 22, став (1), точка 1 и член 23 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018), и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 34/15) Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 01/2018
за вработување на 14 (четиринаесет) лица во Министерството за ииформатичко општество и администрација

Министерството за информатичко општество и администрација објавува оглас за вработување на 14 (четиринаесет) лица на неопределено време на следнава позиција:

1 Техничар за одржување на ИКТ опрема во основните и средните училишта, во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој и промоција на информатичко општество, со шифра на работно место УПР 04 01 Б03 001 14 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за информатичко општество и администрација, и тоа:

Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија;
да е полнолетен;
да има општа здравствена способност за работното место;
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:
стручни квалификации: ниво на квалификации IV степен според Македонската рамка на квалификации и стекнати 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или средно образование стручно, уметничко или гимназија.
работно искуство: со или без работно искуство во струката
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 7:308:30 до 15:3016:30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува 12. 165 денари.

Напомена: Согласно годишниот план за вработување на министерството за 2018 година, предвидени вработувања според припадност на етничка заедница се: Македонец/ка (1 извршител), Албанец/ка (9 извршители), Турчин/ка (2 извршители) и Ром/ка (2 извршители).

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата за огласот може да се подигне од архивата Министерството за информатичко општество и администрација. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар, и тоа:

Доказ за државјанство;
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение / диплома за завршен степен на образование;
Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

Начин за спроведување на постапка за селекција:
Фаза I административна селекција (проверка на исполнувањето на општите и посебните услови барани со јавниот оглас вкупно 5 бодови);
Фаза II проверка на потребните работни компетенции за извршување на работите (тест и интервју) вкупно 45 бодови;
Фаза III рангирање на кандидатите;
Фаза IV - избор на кандидати.

Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Министерството за информатичко општество и администрација или по пошта на следнава адреса:


Министерство за информатичко општество и администрација
бул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје
Архивата на министерството
(со назнака „за оглас за вработување"
Контакт број 02 3200 896
Ненавремените пријави нема да се разгледуваат.

Останати Вработување