Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор Службен весник на РМ" бр. 27/2014, 199/2014 и 27/2016), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот работните односи(" Службен весник на РМ" бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2105, 195/2015 и 27/2016) иПравилникот за систематизација на работните места во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија бр. 012270/3 од 29. 03. 2018 година и бр. 014460/6 од
17. 08. 2018 година, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 08/2018
за вработување на работници па определено време поради привремено зголемен обем на работа
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија поради привремено зголемен обем на работа, објавува јавен оглас за ангажирање на 16 лица на определено време, додека трае потребата на институцијата, a најдолго 1 година на следниве работни позиции:
1. Готвач во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Средно туризам и угостителство, со работно искуство од најмалку 1 година во угостителство готвење;
Основна нето плата: 14.971, 00 денари;
2. Одговорен келнер во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Средно, со работно искуство од најмалку 1 година во угостителство;
Основна нето плата: 14.151, 00 денари;
3. Келнер во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Средно, со или без работно искуство;
Основна нето плата: 13.058, 00 денари;
4. Работник за извршување на помошни работи во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Основно, со или без работно искуство;
Основна нето плата: 12.183, 00 денари;
5. КВ работник за одржување опрема Помошник автомеханичар во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Средно, со или без работно искуство;
Основна нето плата: 14.425, 00 денари;
6. Возач со Д категорија во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Средно, со или без работно искуство, да поседува возачка дозвола за Б категорија;
Основна нето плата: 16.066, 00 денари;
7. Возач на лично располагање во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 4 извршители;
Потребни квалификации: Образование: Средно, работно искуство од најмалку 1 година, да поседува возачка дозвола за Б категорија;
Основна нето плата: 19.046, 00 денари;
8. Возач во гаража во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 2 извршители;
Потребни квалификации: Образование: Средно, со или без работно искуство, да поседува возачка дозвола за Б категорија;
Основна нето плата: 13.467, 00 денари;
9. Архивар во Одделението за извршување на нормативноправни, стручноадминистративни и архивски работи -1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Средно гимназија, право, јавна управа и администрација, со работно искуство од најмалку 3 години;
Основна нето плата: 15.688, 00 денари;
10. Организатор на тековно одржување на објектите на органите на државната управа во Одделението за тековно одржување на објектите на државната управа и следење на комунални трошоци 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Високо Архитктура, урбанизам и планирање, градежништво и водостопанство или машинство, со работно искуство од најмалку 3 години;
Основна нето плата: 25.023, 00 денари;
11. Одговорен работник за финансискоматеријално работење во Одделението за сметководство и плаќања 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Високо Економски науки, со работно искуство од најмалку 3 години;
Основна нето плата: 25.023, 00 денари;
12. Благајник во Одделението за сметководство и плаќања 1 извршител;
Потребни квапификации: Образование: Вишо или средно гимназија, економија, со работно искуство од најмалку 2 години;
Основна нето плата: 14.932, 00 денари;
Кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
Своерачно потпишана пријава со точна назнака со број и назив на работното место за кое конкурираат, со наведен контакт телефон и адреса на живење/престојување;
Кратка биографија (CV);
Уверение/Свидетелство за завршено соодветно образование;
Доказ за работното искуство потребно за работното место;
Работното време изнесува 40 часа неделно, a распоредот на истото го утврдува Работодавачот, кое може да биде организирано во смени, согласно потребите на работниот процес.
Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена сметајќи го и денот на објавувањето.
Пријавите да се достават до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Плоштад "Пресвета Богородица" бр. З, 1000 Скопје, преку Архивата на Службата или преку пошта.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи, како и пријавите кои нема да бидат доставени на погоре утвредениот начин, ќе се сметаат за ненавремени, неуредни и некомплетни и нема да се разгледуваат.
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ги исполнуваат условите.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рокот пропишан во согласност со Законот за работни односи.