Врз основа начленот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и7 од Законот заработните
односи, „Макпетрол" А. Д. -
Скопје распишува
ОГЛАС
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци, во „Макпетрол"
АД. -
Скопје, на работно место електричар II група во Одделение за електро одржување во Дирекција
за одржување.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно стручно образование -
електро;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Возачка дозвола Б категорија;
Познавање на англиски јазик.
Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 22. 960 денари.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на
денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Уверение од кривична евиденција;
Препорака од претходен работодавач;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол" А. Д.
-
Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 -
Скопје
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3 146491
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат
бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши ворокод 45, 90 или 120 дена по истекот на
рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот
23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени
преку email, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема
да бидат земени предвид.
Рокотза пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
„МАКПЕТРОЛ" А. Д.
-
СКОП|Е