Друштвото за обезбедување Балкан Енерџи Секјурити ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на одговорни и мотивирани личности со професионален пристап за работа на определено време за пополнување на позицијата:
Работник за обезбедување и ППЗ (2 работници)
Kритериуми:
• Образование: ССС
• Лиценца А за приватно обезбедување
• Курс за противпожарна заштита
• Солидно познавање на англиски јазик
• Работа со компјутер
• Возачка дозвола Б категорија
• Познавање на системи за контрола на влез-излез, централи за дојава, алармни системи и видео надзор (CCTV)
• Работно искуство: минимум 2 години
Работното искуство во обезбедување на индустриски објекти ќе се смета за предност.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија. Во биографијата ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се наведе периодот во кој е посетувана обуката за Лиценца А, бројот на лиценцата А и датата на издавање и периодот во кој е посетувана обуката за противпожарна заштита и дата на издавање на уверениетo.
Во предивид ќе бидат земени сите пријави доставувани до Ристо Мучев, исклучиво на следниот начин:
Електронски:
Message to:
rmucev@balkan-energy.com.mk
Subject: Пријава: работник за обезбедување и ППЗ.
По пошта:
Балкан Енерџи Секјурити ДООЕЛ Скопје,
Ул. „515“ бр. 8
1000 Скопје, насловени
Пријава: работник за обезбедување и ППЗ.
Рокот за пријавување е најдоцна до 06.02.2019 год.