Вработување

ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ вработува! Отворени се 14 (четиринаесет) работни места

ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ вработува! Отворени се 14 (четиринаесет) работни места

29.05.2018
Врз основа на член 37 од Закон за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија" бр. 38/1996; 9/1997; 6/2002; 40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014; 138/2014; 25/2015; 61/2015; 39/2016 и 64/2018), член 20г Закон за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија, бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018) и член 22 и 23 од Закон за работните односи („Службен весник на Република Македониј а" бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015 и 27/2016), a поради зголемен обем на работа, Директорот на Јавното прептријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи" на Општина Центар објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 01/2018
За пополнување на следните работни места:

КДР 03 05 Б02 050 Контролор на паркирањето во Одделение за јавни паркиралишта при Сектор за стопанисување со јавни паркинг простори и пајак 8 (осум) извршители

Опис на работно место:
Спроведување на стручно оперативни работи во насока на унапредување и непречено функционирање на јавното паркиралиште, a со цел контролирано, законско и рационално функционирање на паркиралиштата

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование
најмалку две години работно искуство во струката
Распоред на работно време
Работни денови: понеделник-сабота
Работни часови неделно: 40
Сменско работно време:
*од понеделник до петок -прва смена од 08:00 до 16:00; втора смена од 13:00 до 19:00 часот;
*сабота од 09:00 до 14:00 часот.

Паричен нето износ на плата: 16. 192, 00 денари.

Напомена: Согласно годишниот план за вработување на претпријатието за работната позиција предвидено е вработување на 8 Македонец(ка).

КДР 03 05 Б02 007 Контрола на рампа во Одделение за јавни паркиралишта при Сектор за стопанисување со јавни паркинг простори и пајак 5 (пет) извршители

Опис на работно место:
Спроведување на стручно оперативни работи во насока на непречено функционирање на паркиралиштата од затворен тип, грижа за корисниците и наплата, a со цел контролирано, законско и рационално функционирање на паркиралиштата

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование најмалку две години работно искуство во струката
Распоред на работно време
Работни денови: понеделник-недела
Работни часови неделно: 40
Сменско работно време: прва смена од 06:00 до 14:00; втора смена од 14:00 до 22:00 часот; трета смена 22:00 до 06:00 часот.
Паричен нето износ на плата: 13. 039, 00 денари.

Напомена: Согласно годишниот план за вработување на претпријатието за работната позиција предвидено е вработување на 5 Македонец(ка).

КДР 03 05 Б02 049 Заменик координатор на контролори и поставувачи на блокатори во Одделение за јавни паркиралишта при Сектор за стопанисување со јавни паркинг простори и пајак 1 (еден) извршител

Опис на работно место:
Спроведување на логистички и оперативни работи во насока на непречено функционирање на јавните паркиралишта, надзор над работата на контролорите на паркиралиштата, a со цел законско и рационално функционирање на паркиралиштата

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование најмалку две години работно искуство во струката
Распоред на работно време
Работни денови: понеделник-сабота
Работни часови неделно: 40
Сменско работно време:
*од понеделник до петок -прва смена од 08:00 до 16:00; втора смена од 13:00 до 19:00 часот;
сабота од 09:00 до 14:00 часот.
Паричен нето износ на плата: 18. 031, 00 денари.

Напомена: Согласно годишниот план за вработување на претпријатието за работната позиција предвидено е вработување на 1 Македонец(ка).

Кандидатите доставуваат пријава која треба да ja содржи следната содржина:
1 .лични податоци за кандидатот,
2. податоци за исполнување на општите услови,
3. податоци за исполнување на посебните услови,
4. изјава со потврда дека податоците содржани во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот
5 .дата на пријавување и потпис на кандидатот.

*Пријавата може да се превземе од веб страната на јавното претпријатие www.poc.mk

Секој заинтересиран кандидат, кој ги исполнува горенаведените услови може да ја достави својата пријава (со приложени потребни документи) во седиштето на „Паркинзи" на Општина Центар или по пошта на: Бул. Гоце Делчев бр. 14, 1000 Скопје, во рок од 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавување на огласот, односно најдоцна до 12.06.2018 година.

Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.
Задоцнетите и некомплетни пријави нема да бидат земени предвид.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ве молиме без телефонски јавувања.

Останати Вработување