Образование

16-годишно момче го користи „Тик Ток“ за видео-лекции по математика и наука

16-годишно момче го користи „Тик Ток“ за видео-лекции по математика и наука

активен до31.12.2099
29.05.2020
Денес, многумина ќе поминат часови вртејќи низ апликацијата „Тик Ток“ гледајќи танчерски предизвици и кратки скечови. Но, еден тинејџер одлучи да ја промени динамиката, поставувајќи видеа што се сметаат за несекојдневни на оваа социјална платформа или на било која друга платформа насочена кон помладата публика.

Алексис Ловераз, 16-годишен тинејџер од Бронкс, Њујорк, одлучил да ги искористи социјалните медиуми за да се поврзе со публика на средношколци кои сакаат да учат. Уште во средината на февруари, Алексис почнал со објавување на видео-лекции на „Тик Ток“ за голем број тешки наставни содржини, објаснувајќи комплексни теми на едноставни начини.


Откако почнал да објавува вида, Ловераз добил голем број следбеници на „Тик Ток“, заработувајќи ја титулата Тикток-тутор.


Во последните неколку месеци, Ловераз направил 100 видеа кои опфаќаат голем број теми: математика, геометрија, хемија и физика, Питагорова теорема, синис, косинус, атоми, електрони и многу други.

Освен тоа, Алексис нуди часови за стандардизираните тестови што се полагаат на крајот од средно образование. Сето ова заедно со кратки лекции по корејски јазик, запознавајќи ги децата со системот за пишување и специфични зборови. Следбениците можат да гласаат кои теми да ги објавува Ловераз.

Откако лекциите стигнаа до пошироката публика, неговата гледаност значително се зголеми. Во една недела, тој доби над 664.000 следбеници со преку 6 милиони лајкови. Како што вели Алексис, станува збор за меѓународна публика од САД, Канада, Австралија, па дури и Филипините.

Неговите родители биле изненадени кога го виделе неговиот успех. Неговата мајка вели дека е горда што тој им помага на учениците. И Алексис бил изненаден поради неговиот успех. Како што вели, мило му е што учениците сега подобро ги сфаќаат лекциите.

@alexis_loveraz

Doing SAT Math Problems, will be doing basic to complex problems! Stay tuned for more! ##sat ##college ##1600 ##democracyprep ##algebra1 ##fyp

♬ original sound - alexis_loveraz


@alexis_loveraz

Doing SAT Math Problems, will be doing basic to complex problems! Stay tuned for more! ##sat ##college ##1600 ##democracyprep ##algebra ##fyp ##satmath ##ap

♬ original sound - alexis_loveraz

Останатите лекции можете да ги најдете на тикток-профилот на Ловераз.

Извор: Bored Panda
Фото: Screenshot/TikTok

Останати Образование