Живот

Дали имало и четврта пирамида во Гиза?

Дали имало и четврта пирамида во Гиза?

активен до31.12.2099
29.08.2020
Денес знаеме за три, но патописците низ Египет во 18 век зборувале и цртале четврта пирамида на платото Гиза, а ја опишувале како црна.

- Постојат четири пирамиди, тие го заслужуваат вниманието на љубопитните умови бидејќи иако видовме седум или осум други пирамиди во околината, тие не се ништо во споредба со овие четири - запишал капетанот Фредерик Норден во неговиот дневник.

Овој дански поморски капетан на почетокот од 18 век патувал низ Египет, цртал сè што ќе видел и тврдел дека постоела четврта, црна пирамида во Гиза.

Денес знаеме за три големи пирамиди во Гиза. Но, според древни текстови, постоела и четврта во низата, направена од камен поцрн од обичен гранит и исто толку цврст.

Последната пирамида наводно имала интересна карактеристика - на нејзиниот врв имало огромен камен кој веројатно служел како пиедестал.

Капетанот Норден ја напишал книгата „Патување во Египет и Нубија“, а на 120. страница опишува мистериозна четврта пирамида и ја вцртува на мапа.

- Главните и најголеми пирамиди се наоѓаат на исток и југоисток од Гиза. Ги има четири на број. Двете најсеверни пирамиди се и најголеми и високи се најмалку 500 стапки. Другите две се многу пониски, но имаат карактеристики за восхит кои бараат подетално истражување - пишувал Норден.

Тој истакнал и дека четвртата пирамида е направена наспроти средната, од камен поцрн од обичниот гранит и барем исто толку цврст. На нејзиниот врв имало жолтеникав камен. Дополнително, таа црна пирамида била сместена надвор од линијата на подредување на другите, повеќе кон запад, но во продолжение на трите претходни.

Илустрациите од почетокот на 18 век исто така покажуваат дека постоела и четврта пирамида. Меѓутоа, истражувачите и египтолозите денес ја отфрлаат можноста за постоење на црна пирамида во Гиза тврдејќи дека по грешка била опишувана некоја од таканаречените „сателитски“ Микеринови пирамиди како четврта, црна пирамида.

Извор: Blic
Насловна фотографија: Pixabay

Останати Живот