Живот

Законите поради кои на Исланд има најголема родова еднаквост во светот

Законите поради кои на Исланд има најголема родова еднаквост во светот

активен до31.12.2099
29.12.2020
За жените, најдобра земја за живот во светот е Исланд. Извештај од Светскиот економски форум вели дека Исланд е земја со најголема родова еднаквост во светот. Државата ја има оваа титула 11. година по ред. По Исланд следуваат Норвешка, Финска и Шведска.

Според извештајот, спроведен во 153 земји, сè уште има разлики помеѓу родовите и на Исланд, но ситуацијата е подобра отколку во другите земји. Зошто Исланд е најдобар во светот кога станува збор за родовата еднаквост? Одговорот се крие во законите на оваа држава.

Иста плата за иста работа

Според законот за еднаква плата, компаниите што имаат над 25 вработени треба да гарантираат дека машките и женските работници ќе добиваат иста плата за истата работа.

Закон за родителско отсуство

Според овој закон, донесен во 2000 година, а дополнет во 2006, родителите добиваат задолжително отсуство од 9 месеци. Државата ги покрива трошоците за сите вработени што ќе добијат дете, без разлика дали е нивно или ќе го посвојат. Законот важи и за самовработените лица.


Фото: Pixabay

Министерство за родова еднаквост

Исланд има и министерство кое се фокусира на родовата еднаквост. Во рамките на министерството функционираат совет за статус на еднаквост, комитет за поплаки и центар за родова еднаквост.

Родовата еднаквост се учи на училиште

Законски, родовата еднаквост се учи на сите нивоа на образование. Сите образовни институции мора да вклучат програма за родова еднаквост. Во законот стои дека едукативните материјали и учебници треба да бидат напишани така што да не дискриминираат ниту еден род.

Застапеност на жени во управните одбори на компаниите

Според еден закон, секоја јавна компанија во својот управен одбор мора да има најмалку 40% застапеност на женски членови. Според овој закон, секоја компанија со над 25 вработени мора да има програма за родова еднаквост и да ги ажурира целите на секои три години.

Автор: Метју Џој Манијамкот
Извор: in.makers.yahoo.com

Останати Живот