Врз основа на Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот на 2019 година број 09530/16 од 27. 12. 2018 година (Службен гласник на општина Аеродром број 16/2018), Одлуката за задолжување на Раководителот на одделението за комунални работи и заштита на животната средина за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во општина Аеродром, број 09530/20 од 27. 12. 2018 година и број 099/3 од 25. 1. 2019 година (Службен гласникна Општина Аеродром број 16/2018 и 01/2019), и Решение заформирање на Комисија со архивски број 0810/1 од 3. 1. 2019 година, општина Аеродром на ден 30. 1. 2019 година објавува;
ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 200 (двесте) лица за вршење јавни работи за периодот на 2019 година
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродромза периодотдо 31. 12. 2019 година, заработно ангажирање со полно работно време односно 40 часа неделно.
Обврски на ангажираните работници ќе бидат: одржување на чистотата/ хигиената на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење/собирање на суви лисја, гранки и сл. одржување на зеленилото на јавните површини и парковите на територија на општина Аеродром (косење трева, поткастрување гранки и сл. одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на општина Аеродром (чистење на снег на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл
.
Висината на дневниот паричен надоместок изнесува 550, 00 денари.
Право на учество во Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром како и основни критериуми врз основа на кои ќе одлучува Комисијата се:
Невработени лица пријавени во Агенцијата за вработување на Република Македонија;
Работоспособни
Претходно работно ангажирање во областа ќе се смета за предност.
Заинтересираните кандидати е потребно да пополнат и поднесат до Архивата на Општина Аеродром образец ПРИЈАВА за јавен оглас за ангажирање на лица за вршење на јавни работи за периодот до 31. 12. 2019 година, кој може да се подигне од Архивата на Општина Аеродром или, пак, да се преземе електронски од официјалната интернет страница на Општина Аеродром (
www.aerodrom.gov.mk, во делот за „Граѓани Формулари) и кон истата да се приложат бараните докази за исполнување на погоренаведените основни критериуми (доказ за невработеност и доказ за претходно работно ангажирање во областа доколку има).
Рокот за пријавување изнесува 10 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.
По истекот на рокот за пријавување, Комисијата ќе спроведе интервју со пријавените кандидати и ќе изврши избор налица кои ќе бидат ангажирани
како извршители во Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот до 31. 12. 2019 година.
Поконкретните услови, права и обврски на избраните кандидати ќе бидат уредени со склучување Договор меѓу Општина Аеродром и избраниот кандидат.
Детални информации за Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот на 2019 година" можат да се добијат во Општина Аеродром кај лицето Марјан Ѓоргиев и на тел. број 02 2401534.
Комисија за презсмањс активности за реализација на Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром за периодот на 2019 година
Претседател
Марјан Ѓоргиев
Членови
Катерина Василова
Елизабста Стојкоска