Вработување

Ново работно место во МАКПТЕРОЛ. Плата: 28.000,00 денари

Ново работно место во МАКПТЕРОЛ. Плата: 28.000,00 денари

30.08.2018
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува

ОГЛАС
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци на работно место самостоен правен референт во Одделение за правни работи, имотно правни работи и застапување во Дирекција за правни работи

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови;
Завршено високо образование, Правен факултет;
Положен правосуден испит;
Работно искуство од најмалку 2 (две) години во областа правни работи;
Познавање и практична примена на Законот за парнична постапка, Законот за облигационите односи, Закон за извршување, Закон за стечај, Закон за општата управна постапка, Закон за управна постапка и земјишно право;
Работа со компјутер.

Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 08:00 часот до 16:00 часот. Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделникдо петок.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 28.000 денари.

Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од Уверение за положен правосуден испит;
Копија оддруги стекнати дипломи иуверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса: „Макпетрол" А. Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 - Скопје
лице за контакт: Марија Тодороска
телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.

Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 ил и 1 20 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

„МАКПЕТРОЛ" А. Д. - СКОПЈЕ

Останати Вработување