Вработување

Оглас за вработување во Министерството за здравство...Нето плата 31.331 денари

Оглас за вработување во Министерството за здравство...Нето плата 31.331 денари

31.05.2018
Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 65/2018

за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Министерство за здравство за следните работни места

1. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор за општи работи(1) извршител(и)

Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Библиотекарство и документација и Економски науки
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа

- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување

Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:30 до 16:30
- Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 31.331,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Македонец(ка) 1.

Може да се пријавите на следниов ЛИНК

Останати Вработување