Некогаш сите девојки сакале да бидат слаби како Твиги, манекенката која доминираше со сцената и беше синоним за слаба личност. Но, Лесли Лосон-Твиги денес има 69 години и повеќе не е толку слаба.
Лесли Лосон имала само 16 години кога во краток период од анонимна средношколка станала интернационален супермодел - благодарение на нејзините крупни очи и ситна градба, но и кратката коса која била невообичаена за тоа време.
- Одев на училиште и одеднаш станав личност која патува низ светот и запознава неверојатни луѓе на секој чекор. Се сеќавам дека на забавите среќавав луѓе како Барбара Стрејсенд и Клинт Иствуд. На мојот 17. роденден Сони и Шер ми подготвија изненадување во Лос Анџелес. Она што ми се случи е еднакво на чудо, нешто што се случува еднаш во милион години - се сеќава Твиги.
Била прогласена за лице на 1966 година, а нејзиниот специфичен изглед станал синоним за духот на модната сцена таа деценија.
Се смета дека токму Твиги го почнала трендот на слаби девојки, иако таа тврди дека нејзиниот изглед бил целосно природен и дека таа јадела нормално, но едноставно генетиката била заслужна за нејзиниот изглед.
Твиги станала и првата ѕвезда што го вовела андроген-изгледот на модната писта. Нејзината кратка коса и долгите трепки станале најкопираниот изглед на тоа време.
Доминирала на модната сцена и во наредната деценија, а својата кариера ја проширила и во филмот, музиката и телевизијата, создавајќи репутација на висинска поп-култ икона.
Твиги и понатаму е активна во светот на модата - веќе долго време се занимава со дизајнирање облека за жени на нејзини години, води блог, се појавува на големи настани, а нејзината автобиографска книга „Твиги во црно-бело“ се најде на листата со бестселери.
- Нема поента да се грижам околу годините, тоа би било губење енергија и целосно непродуктивно. Не можеш да направиш ништо за да го спречиш тоа, па затоа мислам дека треба да уживаме во животот, да ги славиме нашите години и да бидеме благодарни за она што ги имаме - изјави
Твиги и се пофали дека е на прагот на 70-тите и дека се облекува исто како и нејзината ќерка Карли, која има 39 години.