X
 16.10.2015 Култура

Јапонски дизајнери имаат креативна идеја како децата да ги научат боите

Сина, розева, црвена и зелена, сите бои имаат свои специфични имиња, меѓутоа двајца дизајнери од Јапонија, има за цел да го промени начинот на кој децата ги учат боите.

 

1


Креативните Јапонци колективно познати како „Ima Moteki“ неодамна создадоа изум наречен „Nameless Paints“ кои буквално го менуваат начинот на кој децата комуницираат и размислуваат за боите од многу рана  возраст.

Наместо „виолетова“ или „розева“, на темперните ја пишува равенката од две бои со кои се добива оваа боја. Дизајнерите сметаат дека традиционалните имиња на боите создаваат проблем кај децата. Имаи објаснува: „Со тоа што не им даваме имиња на боите, сакаме да ја прошириме дефиницијата за тоа што може да биде бојата, и различните нијанси кои можат да се создадат со нивното мешање“.

2

2


Општо земено, ги учиме имињата на основните бои, а подоцна учиме кои бои да ги мешаме заедно за да направиме други бои. Поради некоја причина ова не е успешно и поголемиот дел од децата не знаат да кажат која со која боја се меша за да направат друга боја. Овие темпери им помагаат на децата учејќи ги за боите и покажувајќи им точно кои бои се мешаат заедно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура