Како музиката буди емоции?

Како музиката буди емоции?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Музиката е извонредна поради својата способност да предизвикува длабоки емоции кај слушателите. Да се биде емотивно трогнат од музиката е инхерентно пријатно искуство. Повеќето слушатели на музика користат емоционално изразување како најважен фактор во вреднувањето на музиката. Како музиката нè покренува, придвижува?

Условен одговор

Слушаме одредени видови музика, на пример, тажна затоа што сме научиле да ја поврзуваме со тажни настани, како погреби. Чувството не е музиката, туку она на што нѐ потсетува. Кога одредено музичко парче се поврзува со одредени моменти во животот на слушателите, тоа предизвикува емоции како радост или тага.

Носталгија

Музиката е број еден предизвикувач на носталгија. Слушањето песна што се пуштала многу за време на значаен животен настан (на пр., музика од вашите тинејџерски години) пред многу години, може да предизвика длабоко носталгично емотивно искуство. Чувството не е музиката, туку она на што нѐ потсетува.

Музиката како израз на емоции

Музиката ги отелотворува изразните квалитети како меланхолијата. Музичкиот звук може да имитира или претставува емоции, како што се тага, радост, страв и надеж. На пример, брзото темпо или гласното ниво на звук ја прават музиката весела. Спротивно на тоа, бавното темпо или „темните“, помали тоналитети ја прават музиката тажна. Слично на музиката, гласовите на веселите луѓе се енергични, а тажните луѓе имаат тенденција да зборуваат со меки придушени тонови на гласови.

Изненадување

Како и читањето измислени наративи, големото задоволство кое произлегува од искуството на измислениот наратив - е всушност задоволството што го добиваме кога се прашуваме што ќе се случи следно. Слушањето песна што била слушана многу пати претходно - не е изненадување бидејќи тој некој што ја слуша ја „знае приказната“.

Музичко задоволство


Музиката е само низа од тонови распоредени низ времето. Секој од овие звучни настани може да не се смета за особено наградувачки - сепак, некои динамики може да поттикнат некои од најинтензивните емоции познати на човекот, кои се слични како ефектите на дрогите кои предизвикуваат моќна зависност.

Колективна емоција

Кога луѓето одат на концерти или создаваат музика заедно, нивните емоции се делумно под влијание на емоциите на другите луѓе присутни во контекстот, преку ритмичко привлекување и емоционална зараза. Привлекувањето се случува кога нашите телесни движења се синхронизираат со музиката. Синхронизирањето со другите и со музичките ритми е забавно. Да се биде во синхронизација со друга личност предизвикува создавање позитивни ставови кон таа личност. Овој процес на синхронизација може да помогне да се објасни групното поврзување.

Накратко, музиката има потенцијал да предизвика длабоки емоции кај слушателите. Овој потенцијал е еден од основните мотиви за вклучување во слушање музика. Слушањето на омилената музика може да биде поефективен начин за намалување на чувството на стрес и зголемување на позитивните емоции отколку опуштањето во кое не е вклучена музика.

Извор: psychologytoday.com

Фото: Freepik