Фасцинантна снимка од вселената - поларната светлина како никогаш досега

Фасцинантна снимка од вселената - поларната светлина како никогаш досега

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците и љубителите на астрономијата повторно беа воодушевени од една од најубавите природни појави на нашата планета – поларната светлина. Овој пат снимката доаѓа директно од Меѓународната вселенска станица, прикажувајќи ги фасцинантните зелени бранови светлина од необичен агол.

На 6 јануари, Дон Петит, астронаут на НАСА, го сподели ова исклучително видео, кое ги прикажува „интензивно зелените“ ленти на поларната светлина, кои ретко можат да се видат од вселената.

Сончевата активност во последно време е на врвот, со голем број ерупции и исфрлања коронална маса. Овие феномени создаваат величествени светлосни спектакли на нашето небо.

Кога овие наелектризирани честички ќе стигнат до магнетното поле на Земјата, тие се насочуваат кон поларните региони, каде што влегуваат во интеракција со атмосферските гасови. Таа интеракција создава блескави бои – зелена, розова и сина, што го обојуваат небото.



Вакви снимки сме виделе и претходно, на пример, фотографијата на астронаутот Томас Песке од 2021 година или снимките на Џош Касада и Коичи Ваката од 2023 година. Но, со напредокот на технологијата, очекуваме овие неверојатни прикази да станат уште почести и поимпресивни.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/Twitter