Парчиња мудрост од Чарлс Дикенс
Подготвил:
Тамара Мисирлиевски
Освен што бил остроумен писател, секој којшто е запознаен со неговиот роман „Големите очекувања“, тешко би го поврзал овој човек со романтика и романтична љубов.
Но, се чини дека покрај неговите вештини за политичко набљудување и критики, тој исто така имал способност да создаде слатки и романтични стихови. Овие парчиња мудрост се доказ дека Дикенс умеел да зборува и во името на љубовта.
„Никој не е бескорисен во овој свет, затоа што некому му го олеснува товарот“.
„Постојат жици во човечкото срце кои би било подобро да не бидат допрени“.
„Љубовта не е чувство за да помине, како пријатен здив во летен ден; не е - и не може да биде ставена настрана; таа не е нешто што може да за заборави или сокрие“.
„Не е во моја природа да кријам нешто од оние за кои сум приврзан. Никогаш не можам да ја затворам устата онаму кадешто сум го отворил срцето“.
„Еднаш господин, секогаш господин“.
„Таа седи таму пред мене. Постои грациозност во нејзината форма; не може да се погреши - не постои нешто како неа... Зошто е толку болно убава што никогаш не можам да и` бидам лут, дури ни сега?“
„Постои мудрост на главата, и секако, постои мудрост на срцето“.
Фото: Wikipedia