Цели светови под земја - овие градови кријат мистериозни подземни мрежи

Цели светови под земја - овие градови кријат мистериозни подземни мрежи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Знаеме кои знаменитости ги имаат познатите и помалку познатите градови. Но во некои од нив се кријат вистински подземни светови.

Москва

Московското метро е едно од најубавите места благодарение на мозаиците, мермерните и детално украсените столбови, поради што често се нарекува и подземна палата. Овој железнички „музеј“ од бурното руско минато е раскошно дизајниран во чест на Сталин и партијата.


Фото: Wikipedia

Мистеријата на руската подземна железница, која е 200 метри под Москва, не е целосно откриена, а краците на линијата наводно допираат далеку над Москва поврзувајќи места од национално значење.

Париз

Една од најстарите и најпознати подземни мрежи на светот се наоѓа во француската метропола.

Тунелите, пештерите и каменоломите се протегаат на стотици километри под Париз.

pariz
Фото: Unsplash

Голем дел од нив биле откриени со нелегално истражување, па истражувачите украсиле некои од тие тунели со графити и други интересни инсталации.

Сепак, кога ќе дојдете овде, нема да бидете „илегалец“, па можете да ги посетите подземните гробишта чии ѕидови кријат остатоци на повеќе од 6 милиони мртви луѓе.

Тихуана


Овие тунели направени под мексиканскиот град немаат туристичка цел, но за жал биле создадени за потребите на трговијата со дрога.


Поминуваат под границите од САД и водат до Сан Диего. Овие тунели биле дизајнирани од озлогласениот крал на дрогата - Ел Чапо.

Берлин


Кога шетате низ Берлин, ви се чини дека секој втор бар и ресторан некогаш биле седиште на комунистите или, пак, фабрика. Но, вистинските тајни лежат под површината.

3
Фото: Unsplash

Нацистите изградиле систем од тунели што ги поврзуваат бункерите, па дури била планирана и изградба на подземен автопат/пат.

Хо Ши Мин


Тунелите што на крај послужиле како најдобро оружје на Виетнамците во војната против Американците биле правени цели 25 години, а преполни се со тајни засолништа и смртоносни стапици.


Денес тунелите се популарни туристички дестинации.

Извор: B92